Дома Антропологија Мојата археолошка библиотека – интервју за Literatura.mk

Мојата археолошка библиотека – интервју за Literatura.mk

2,480 views
0

Од моментот кога почнав да блогирам во 2005та година, па сѐ досега, поради природата на мојата професија како археолог, но и како некој којшто го менаџира културното наследство на Република Македонија, постојано сум присутна во медиумите. Во професионалното портфолио, зад себе имам дадено стотици интервјуа на сите можни типови медиуми. Причините и поводите биле различни, но секојпат тоа биле интервјуа во кои сум говорела за својата работа, проектите, културното наследство. Ретко кој ме запрашал што е сето она коешто ме мотивира да и после толку многу години со истиот жар зборувам, работам, творам, пишувам, создавам и креирам од областа на археологијата. А тоа драги мои е многу едноставно, бидејќи во позадината на повеќето мои активности е нејзиното височество книгата, независно дали е таа во хартиена или електронска форма.

Со книгата „Бајки од Македонија“, издание на Ars Lamina<br />Фотографија Ана Зафирова
Со книгата „Бајки од Македонија“, издание на Ars Lamina
Фотографија Ана Зафирова

Што читам, кога читам, кое дело прво ми паѓа на ум кога ќе се спомене именката книга, дали книгите како предмети успеваат да станат археолошки пронајдоци, поради која книга се запишав на археологија и многу други работи читателите можат да прочитаат во новогодишното интервју кое го дадов за blog.literatura.mk, еден од начитаните блогови за литература што го менаџира издавачката куќа Ars Lamina.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име