Дома Антропологија Се симнаа маските и се избрка злото од Пијанец и Малеш

Се симнаа маските и се избрка злото од Пијанец и Малеш

2,021 views
0

Живото или како УНЕСКО го дефинира нематеријалното културно наследство се манифестира во повеќе домени кои народот ги препознава како традиција. Постои верување дека ако не се одржи некој обичај, со тоа се бришат трагите на идентитетот, без да сме свесни дека и во самите тие традиции има инкорпорирано многустрани елементи. Кај луѓето е многу помоќно мислењето дека со неодржувањето на еден обичај може да дојде до пропаѓање и уништување на заедницата, која во овие современи услови на живеење е единствено нешто што ги поврзува и ги држи како компактна група. Оттука е многу важно сите тие традиции, обичаи, ритуали и верувања да се продолжат, да се заштитат, документираат, негуваат, презентираат и популаризираат. Од таа причина ХАЕМУС започна процес на акредитација како консултат за нематеријално културно наследство во УНЕСКО со цел да продолжи да го негува духот на традицијата во Република Македонија во сите негови облици и начини кои би придонеле за поширока промоција на овој тип наследство.

Bamburci_s.Ratevo_Daniela_Takeva
Ратевски Бамбурци, с. Ратево, фотографија Даниела Такева

Сето ова но и многу повеќе за народните обичаи и етничкиот идентитет, за симболиката на маските и другите обичаи во т.н. некрстени денови, може да се прочита во едно големо интервју кошто заедно со колешката проф. д-р Лидија Ковачева, консултант за нематеријално наследство во ХАЕМУС, го дадовме за новинската агенција Mia.mk. [линк]

По професија сум археолог, но поради природата на својата работа да го менаџирам ХАЕМУС кој во текот на своите 5 години постоење пресрасна во голем центар за научно истражување и промоција на културата, морав да се едуцирам дополнително, особено во полето на нематеријалното култрурно наследство. Но кога ќе стигнете во една понапредна фаза на проучување и менаџирање на наследството од еден микро или макро регион, ќе сфатите дека овие два сегмента се испреплетуваат и е практично невозможно да се согледуваат одвоено.

– Постои верување дека ако не се одржи некој обичај, со тоа се бришат трагите на идентитетот, без да сме свесни дека и во самите тие традиции има инкорпорирано многустрани елементи. Кај луѓето е многу помоќно мислењето дека со неодржувањето на еден обичај може да дојде до пропаѓање и уништување на заедницата, која во овие современи услови на живеење, е единствено нешто што ги поврзува и ги држи како компактна група. Оттука е многу важно сите тие традиции, обичаи, ритуали и верувања да се продолжат, да се заштитат, документираат, негуваат, презентираат и популаризираат. Од таа причина ХАЕМУС започна процес на акредитација како консултат за нематеријално културно наследство во УНЕСКО со цел да продолжи да го негува духот на традицијата во Република Македонија во сите негови облици и начини кои би придонеле за поширока промоција на овој тип наследство, потенцира Димитровска.

Дел од моите изјави во интевјуто за Mia.mk

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име