Дома Археологија Scupini Romani ги прославуваат Розалии – празникот на розите

Scupini Romani ги прославуваат Розалии – празникот на розите

2,687 views
0

Центарот за научни истражувања и промоција на културата – ,,ХАЕМУС” од Скопје, во рамките на својата програма SCUPINI RОMANI организира настан повод древниот римски празник ,,Розалии – празникот на розите”. со цел поширока промоција и популаризација на културното наследство од римскиот период, но и современите македонските народни празници, верувања и обичаи.

scupin_roman_celebrates_rosalia

Во рамките на настанот се вклучени следните ставки:

– едукативен дел за римските Розалии од страна на тимот на ХАЕМУС
– изложба на реплики од римскиот период во сопственост на Хаемус (керамика, накит, облека, метални предмети, плетени предмети)
– дегустација на мулсум (римско вино со мед и зачини)
– дегустација на римска храна
– рецитирање на поезија од древните римски поети
– слемирање/тематски поетри слем во соработка со македонските поети
– проекција на документарецот ,,Хераклеја” во продукција на New Moment, Skopje
– предавање на д-р. Лидија Ковачева (Евробалкан, Скопје) на тема ,,Можни остатоци на Римските Розалии во македонскиот народен празник Духови””
– базар на ракотворби со инспирација од културно наследство од римскиот период
– лотарија со награди од сувенири на SCUPINI ROMANI

Настанот е од едукативен и промотивен карактер и влезот е бесплатен. Настанот се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

,,Розалии – празникот на розите” е поддржан од град Скопје во рамките на фестивалот ,,Skopje kreativa” 2017”

Инфо за ,,Розалии – празникот на розите”

Розалии или Росалии (лат. Rosalia, Rosaria) – кај древните римјани бил празникот на розите. Нема многу информации околу точниот датум на празнување, но се смета дека се славел во текот на месец мај или jуни. Бил посветен во чест на мртвите кога нивните гробови се украсувале со рози и други пролетни цвекиња, а притоа се раздавале храна и вино со што се зајакнувале фамилијарните врски, но и почитта кон предците и минатото. Овој пагански празник продолжил да се слави и во христијанството а подоцна се поистоветил со христијанскиот празник Духови, но уште повеќе со празникот Задушница којшто древните Римјани го славеле најмалку пет пати во годината, празнувања кои дури од страна на Римската империја биле регулирани и означени како државни празници.

Празникот Розалии има долга традиција во римската култура, но за нас во Македонија е од особено значење што најраните записи за прославите датираат од времето на владеењето на Домицијан (81-96 н.е.). Тоа е императоротот под чие владеење се формирала Colonia Flavia Scupinorum, денеска познат како археолошки локалитет Скупи.

Во македонската народна традиција зборот русалии исто така доаѓа од лат. збор rosa, ружа и согласно симболиката значи Духови или Ружин Велигден, христијански празник, кој како и многу други е измешан со пагански елементи. Во рамките на овие народни традиции со текот на времето се востановила и т.н ,,Русална недела” посветена на самовилите во која (с)паѓаат св. Троица/Духови или пак може да биде и неделата од Духови до Петрови (поклади) пости. Народот се плашел од Русалките, особено во недела по празникот Духови, согласно верувањето дека тие се душите на девојките починати пред свадба, па според тоа се поврзуваат и со култот на мртвите.

Rosalia_banner_fb_MK

Инфо за SCUPINI ROMANI

SCUPINI ROMANI е бренд на ,,ХАЕМУС” и се состои од мноштво на подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, метални и плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка и рачно изработени од уметници, занаетчии и артизани по инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на SCUPINI ROMANI е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име