web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs

Blog in english

Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community

PostHeaderIcon Inventaria Archaeologica Personarum – или зошто е добро да си подигнувате надгробни спомен плочи

Неодамна на поклон од авторот Ленче Јованова ја добив книгата “Inventaria archaeologica personarum II. Оваа обемна, одлично напишана, спастрена и дизајнирана монографија има уште еден поднаслов кој подиректно се однесува на обработуваната тематика >> Скупи – некрополи : стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва”. Како што се вели во рецензијата на почетокот од книгата, како на филмско платно презентирани се животни приказни на повеќемина бележити личности кои се пренесени на оригинален, креативен, разбирлив и допадлив начин, за да ни ги приближат судбините на одамна изчезнатите луѓе и настани истовремено правејќи реконструкција на дел од автентичната слика на секојдневното живеење во римската колонија Скупи.

inventaria_archaeologica_personarum_scupi

Јас сум од оние што читаат многу, се што ќе ми стигне под рака за археологијата. Притоа да не заборавиме дека освен што сакаат да читаат, најголем дел од археолозите сакаат да ископуваат и гробови.

Како што се вели во шега, сите археолози најмногу од се сакаат да копаат гробови. Но тоа не е поради нивната чудно извртена смисла за хумор, туку поради факот што гробовите претставуваат непроценливо богат извор за една цела палета на информации. Така по некој специфичен предмет и прилог може да укажат на потеклото на умрениот, неговата професија, а меѓу другото и социјалниот статус. И во минатото (како и денеска) луѓето кога умираале се погребувале според своите обичаи. Секој човек со себе си носел магија на културата, печат на времето и  симбол од местото од каде што доаѓал. Ако уште во гробот се наоѓала и монета (а во минатото било вообичаено во секој гроб на починатиот да се остава монета), тоа претставува еден несоборлив доказ за прецизно датирање на археолошките наоди.

Од мојот текст Зошто археолозите сакаат да копаат гробови?”

inventaria_archaeologica_personarum_scupi2

Надгробната стела на војникот L. Valerius Dexter – Археолошки локалитет Скупи

И така, читам една од научните статии во монографијата, па да сумирам повеќе страници стручен текст, во плотот се работи за војникот L. Valerius Dexter кој бил родум од Аквилеја, антички град на северот од Италија на граница со Словенија, служел војска во Седмата Клаудиева Легија во Виминациум и откако станал воен ветеран, како заслужен граѓанин државата му доделила земјиште во Скупи да се задоми. Бил едил и декурион на Скупи, имал прилично активна улога во административната управа на колонијата, починал кон крајот на 1 век на возраст од 45 години, а споменикот му го подигнале Венустиј и Арескуса, кои му биле робови а по неговата смрт станале ослободеници. Сето ова и уште еден куп на други работи го дознаваме од само една надгробна стела и неколку параграфи што се напишани на неа.

И после толку многу години, оваа сторија ме потсети that I just love archaeology 

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива