web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



PostHeaderIcon Ефтини археолошки крими приказни во медиумите – случајот со корумпираната и дрогирана пајонска свештеничка

Изминатиов период сосема случајно пронајдов еден текст во е-изданието на Вест од 2004та година и ме предизвика да напишам осврт за тоа колку е многу важен начинот на кој стигнуваат археолошките научни информации до пошироката јавност. Иако во ”Пајонките биле корумпирани наркоманки” не е наведена причината за написот, согласно годината и месецот на објавување на веста, претпоставувам дека поводот е откривањето на голем број гробни прилози од железното време на некрополите од локалитетот Марвинци. Тие подоцна ќе се вообичат во една интересна изложба насловена како “Македонски бронзи“, каде јавноста за прв пат ќе ја види визуелизирана реконструкцијата на т.н “Пајонска свештеничка” со која можеме да се гордеме.

Текстот во Вест е навистина многу забавен и во голема мера содржи точни археолошки информации. Но самиот е напишан со акцентирање на некои и не така суштествени моменти и нивно погрешно интерпретирање. Во обид да ја доловат суштината за археолошките артефакти, не се сомневам дека археолозите (кои не се цитирани во статијата) на новинарката и дале прецизни информации, но таа нашла за сходно да ја објави сторијата согласно своите гледишта и лични капацитети. Очигледно во обид медиумот да направи сензација од и онака имагинативните археолошки артефакти, притоа се добила многу евтина и плитка сторија. Особено на евтина археолошка крими приказна личи делот со трансот, дрогата, пенењето, трчањето наоколу и трескањето од земја на пајонската свештеничка. Крајниот пасос не знам ни како да го сфатам, ни како да го коментирам во однос на предрасудите за мажите, кој се наметнува како аксиома во медиумите за минатите цивилизации и општества. Чиста среќа е што нашава ”пајонска свештеничка” живеела неколку векови после Тројанската војна, инаку тешко на мажите во едно општество кое воопшто не било означено како матријархат. 

VEST - Macedonian daily newspaper_Pajonska_korumpirana_sveshtenichka

Да се визуелизираат информациите од светот на археологијата изискува од археолозите огромни комуникациски способности. Како археолози ние комуницираме секојдневно и во зависност од околностите тоа може да биде со други археолози, со студенти, со медиумите или јавната публика. И секогаш таа комуникација изискува јазик кој би бил разбирлив за сите инволвирани субјекти.  Ако намерата на текстот била да даде придонес кон популаризација на археологијата, тогаш целта е постигната. Сепак, текстот кој го рецензирам се повикува на стручните извори што ги користи, но не ги пренесува директно ставовите на археолозите, ами неосновани претпоставки за реконструкција на настани за кои нема пишани докази.

Заклучок

Постои пристојна граница до која мора да се оди кога се популаризира не само археологијата, ами генерално научните дисциплини. Улогата на археологијата како наука е да ја открива вистината за минатото, во рамки на своите методи, независно дали приодот кон некоја тематика го опфаќа мултидисциплинарниот приод.

Се залагам за популаризација на археологијата, но сепак треба да се има некој професионален однос во пренесувањето на ваквите информации. Овој текст и по 12 години допира до пошироката јавност и недај боже, можно е да обликува нечие мислење за пократок или подолг временски период. Мора да се биде мошне внимателен како се брифираат информациите на медиумите од страна на археолозите, во спротивно, со погрешни интерпретации лесно може да се заблуди јавноста. Во секој случај, овој текст останува да сведочи како идеална илустрација на нивото на нашата јавна свест, во однос на темите кои ги работат археолозите.

Затоа драги колеги, внимавајте во односите со јавноста! Независно од својот формат, секоја подлога (површина) па дури и амбиент, реален или виртуелен, кој може да пренесе порака за археологијата е ->медиум.

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива