Home Археологија Имиџот на археолозите во Република Македонија и медиумите

Имиџот на археолозите во Република Македонија и медиумите

1,007 views
0

Добив ‘нарачка’ за текст. Можеби и не е толку нарачка колку што се чувствува потребата да се елаборира јавно една ситуација која трае со години, а можеби и со децении и на некој начин ја отслика работата на археолозите, нивниот имиџ во јавноста, односот на институциите од културата кон наследството и најсетне, неуспехот на државата сето тоа да го стави под заштита и закрила на своите механизми.

Како што може да се забележи од последното соопштение на МАНД, еден од најголемите проблеми во заштитата на културното наследство на Р. Македонија е ‘Законот за културно наследство’. Кој знае колку пати до сега сум напишала или кажала во медиумите дека овој закон треба комплетно да падне на Уставен суд и одново да биде напишан. Благодарение на него, Македонија како држава до сега загуби драгоцени археолошки и културни ресурси.

За ралика од мене, бидејќи работам во приватниот сектор, при креирањето на новиот Закон за културно наследство, неминовно е својот придонес да го дадат колегите кои работат во институциите. Тие најмногу го применуваат и најмногу ги трпат последиците од моменталниот несреќен закон, па затоа чинам дека нивнотo партиципирање и мислење се неопходни. Се друго ќе не врати на старата ситуација која беше погубна како за археологијата како наука, така и за некои колеги-археолози.

Но не се работи само за Законот за културно наследство. Тука е отсуството на археолозите генерално во научниот свет, отсуството во медиумите, на јавни дебати и работилници и воопшто во сите димензии кои креираат едно демократско општетство. Останува фактот дека по редица немили настани кои се однесуваа на културното наследство, имиџот на археолозите во јавноста е комплетно изместена слика за реалноста во едно општество на вечна транзиција. Дали за оваа ситуација се криви медиумите и пораките кои тие ги пренесуваат, или начинот и ‘медиумот’ преку кој поракатa е пренесена од археолозите кон јавноста!?

Токму во обид да се долови имиџот на археолозите и улогата на медиумите во Република Македонија, ќе биде насочен и еден следен мој текст во печатена форма.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here