Home Cпонзорирано Снимање на промотивен документарец за Македонија со продукцијата на ARTE

Снимање на промотивен документарец за Македонија со продукцијата на ARTE

1,965 views
0

Vasilka Dimitrovska and ATRE at Stobi 1

Пред извесно време склучив договор за да се појавам во промотивен документарец за македонското културно наследство којшто е во продукција на германско-француската телевизија ARTE. Со задоволство го прифатив предизвикот, а поканата на ARTE всушност дојде по препораката која за мене ја имаа дадено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.

Снимањето се одвиваше на 11.06.2014 година скоро цел ден на археолошкиот локалитет Стоби, кој е во исто време и Национална институција од областа на културното наследство. Се работеше по однапред строго сценарио во кое јас се појавувам во улога и на археолог и на туристички водич, нешто што е дел од моето секојдневие со години наназад.

Инаку, се работи за серија на документарни емисии кои оваа ценета телевизија ги прави за поранешните југословенски републики, претставувајќи го нивното богато културно и природно наследство, притоа трудејќи се само да загребе малку по површината како би можеле луѓето/туристите/авантуристите понатаму сами да истражуваат.

  Vasilka Dimitrovska and ATRE at Stobi 2

Сум била дел од проекти на National Geographic и на UNESCO, а исто така сум давала/снимала изјави за странски и домашни медиуми и продукциски куќи. Но дефинитивно, промоцијата на Mакедонија во визуелен медум е нешто на коешто би сакала со HAEMUS да поработиме во иднина. 🙂

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here