Home Апели Справување со културното наследство во случај на поплава – примерот со Србија

Справување со културното наследство во случај на поплава – примерот со Србија

1,480 views
0

Во Србија во моментот се случува елементарна непогода од ненадоместлив карактер. Загрозени се животите на илјадници луѓе, домови, имоти. Експресно за оваа намена, подигната е страницата poplave.rs, каде можат да се најдат апдејтувани информации во риалтајм за кризните подрачја погодени од поплавата.

И токму наспроти Ноќта на музеите (17.05) и интернационалниот ден на музеите (18.05), Србија се бори да спаси дел од своето големото културно наследство кое е исто така погодено од поплавите. Музеите во Белград кои бесплатно на овие два дена ќе ги отворат вратите на своите институции, ги повикуваат сите граѓани да дадат доброволни прилози на видно одбележани места, додека пак Центарот за превентивна кoнзервација ”Дијана’‘ објави упатства за справување со културното наследство и заштита на артефактите во случај на поплава, како и начинот на кој треба да се однесуваат луѓето кога ќе наидат на потопена музејска зграда.

narodni muzej beograd - soopstenie

Post by Narodni muzej u Beogradu.

Утрешната тура за меѓународниот ден на музеите што ја организираме со HAEMUS, ќе ја посветам на институциите од културата во Србија кои се загрозени со поплавите. Би сакала да помогнам/еме, ама размерите од несреќата веројатно ќе го одредат фокусот на помошта што би можеле да ја пружиме со колегите и преку HAEMUS. Да го парафразирам Алберто Моравија повод скопскиот земјотрес:

‘Србија и Босна и Херцеговина не смеат да останат само репортажа од насловните страници, туку и обврска на сите нас, на сите луѓе кои денес-утре, по сличноста на некоја катастрофа, можат да станат како нив’

Скопје, 17.05.2014
10:10 am

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here