Home Археологија Colonia Flavia Scupinorum или Среќна Нова 2014 со колективната меморија од нашето...

Colonia Flavia Scupinorum или Среќна Нова 2014 со колективната меморија од нашето минато

3,268 views
0

2014 NY card - Vasilka Dimitrovska

Како што е ред, секоја година на сите мои драги пријатели, читатели, колеги, блогери, роднини, попатни минувачи низ мојот сајт, како и оние кои ми даваат поддршка на било каков друг начин, им посакувам Среќна Нова Година. Но после толку многу години традиционални честитки за успех и добро здравје, решив оваа 2014 година да ја започнам и со една поинаква честитка. Честитка чии невидливи кодови се вткаени како приказна во нашата колективна меморија. Честитка која заслужува да биде испратена до сите истражувачи и љубители на културното наследство ширум светот. Честитка стара околу 2000 години …

Scupi - Exibition 2007-2013

Наоди од Скупи,  Ретроспективна археолошка изложба 2007-2013 Музеј на град Скопје (фото © ХАЕМУС)

Поради природата на мојата работа како археолог и како некој што се занимава со промоција на културното наследство во поширока смисла на зборот, честопати имам прилика да бидам во текот на сите најнови откритија, случувања и публикувања од оваа сфера. Затоа како мој новогодишен поклон решив да споделам една серија на текстови за археолошкиот локалитет Скупи, кои беа издадени во списанието Културен Живот бр. 3-4/2012. Се работи за трудови напишани од мои колеги кои долги години се дел од археолошкото ископување на Colonia Flavia Scupinorum и  научните текстови опфаќаат еден широк дијапазон при обработка на разните видови археолошки наоди откриени низ годините. Или што би рекла мојата колешка м-р Ленче Јованова, еден од раководителите на ископувањето на Скупи: ‘За да се разберат содржината и суштината на приказната, да се реконструира реалниот живот на минатото, неопходно е да се употреби голема имагинација која ќе ги оживее творештвото, креативноста, емоците, мислите, сетилата, соништата, стремежите на некогашните жители на Скупи – наши претци, чии судбини се нераскинливо вградени не само во археолошките остатоци, туку во самите нас и нашата колективна меморија‘.

Честопати се прашуваме каде ли заминуваат сите нераскажани приказни за археологијата? Не заминале никаде, тие се тука и ве очекуваат да ги споделите со светот. Да ги носите гордо како печат на времето и симбол од местото од каде што доаѓате, за никогаш да не си ги заборавите вашите невидливи корени.

Мојот примерок од водичот за Colonia Flavia Scupinorum (Scupi) од 2008
Мојот примерок од водичот за Colonia Flavia Scupinorum (Scupi) од 2008

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here