Home Историја Предавање: Грбот на Република Македонија – тема за дилема

Предавање: Грбот на Република Македонија – тема за дилема

1,913 views
0

Во името на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, имам чест да ве поканам на предавањето: „Грбот на Република Македонија – тема за дилема“, од хералд Јован Јоновски, на ден 18.11.2013 год. (понеделник), во Музеј на град Скопје, со почеток во 19:00 часот.

banner-za-predavanje-Jovan-Jonovski

Тема: „ Грбот на Република Македонија – тема за дилема“

Повод: Грбот на една држава (покрај знамето и химната) е еден од трите основни државни симболи што го одразуваат нејзиниот суверенитет и идентитет. За разлика од другите држави на Балканот во кои по осамостојувањето, промената и враќањето на грбот беше еден од првите приоритети, Република Македонија тоа делумно го стори дури во 2006-та година. Од својата независност па се до 2006 година, насловната страница на пасошите на Република Македонија беше празна. Потоа се воведоа новите пасоши на кои е втиснат стариот грб на ,,Народна Република Македонија”. На оваа едиција која е се уште во оптек, од 2010 година беше одземена петокраката од грбот.

Грбот на Република Македонија до сега не е ревидиран, иако биле направени обиди тоа да се стори. Со цел да даде мал прилог кон разрешување на оваа дилема за да се најде прифатливо решение за државниот грб, се движат и размислувањата на ова предавање: Дали треба да го задржиме стариот грб, или да го дизајнираме во духот на новите теченија?

Инфо за предавачот: Јован Јоновски е македонски хералдичар, основач и претседател на Македонското Хералдичко здружение (МХЗ). Тој е магистрант на отсекот за ,,Историја на култовите и религиите во Македонија” при Институтот за национална историја (ИНИ – Скопје) и автор на статии од областа на хералдиката. Учествувал на повеќе конференции чијашто тематика се хералдиката и вексилологијата, а исто така е член на меѓународната академија по хералдика со седиште во Франција. Неговиот научен интерес е насочен кон историјата, со особена субспецијалност кон хералдика, вексилологија и фалеристика.

Настанот со своја фејсбук страница

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here