Home Антропологија Како на ѓердан бисери, на интернет македонски песни нанижани

Како на ѓердан бисери, на интернет македонски песни нанижани

6,917 views
0

Си спомнувам кога на почетокот од 2006 година Зоран Сталевски а.к.а GoodBytes (т.е. Панта Реи, според мене најдобриот македонски блогер), објави јавен повик за проектот Македонски народни песни до секој добар човек кој има текст или mp3 од стара македонска народна песна, да ги испрати на неговата мејл адреса. Во тоа време се работеше за колекција од околу 450 текстови на песни од нашето богато народно творештво, заедно со аудио семплови во мп3 формат кои можеа да се слушнат или даунлоудираат од блогот. Денеска таа бројка е дуплирана и секојдневно се зголемува. Дел од песните со дозвола од авторот сега се публикувани и на Википедија на македонски јазик, благодарение на добрата воља на Милош.

makedonski-narodni-nosii

Во меѓувреме, со текот на годините, блогот прерасна во сајт. Благодарение на заложбите на неговиот автор, се смета дека ова е најголемата интернет колекција со околу 846 македонски народни песни, а љубителите на народната музика можат да го прочитаат текстот (со превод на повеќе јазици), да ја слушнат песната (и тоа од неколку изведувачи) а имаат и можност да ја симнат, но со послаб квалитет поради авторските права.

“Проектот започна како мое лично хоби, но и од револт што институциите кои се платени да го промовираат нашето културно наследство сеуште ги користат компјутерите за играње карти, додека чекаат да им мине работното време. Ганди рекол: ”Ти биди промената која сакаш да ја видиш во светот“, мисла која и мене ме водеше кога решив да го започнам публикувањето на песните. Во меѓувреме, почнав да добивам пофалби, совети, па и помош со текстови или аудио записи од посетители на сајтот, љубители на народниот мелос. Поддршката која постојано ја добивав од луѓе ширум светот (меѓу нив има и странци кои се интересираат за нашиот јазик, култура и изворна музика) мене ми даваше инспирација да продолжам да го збогатувам сајтот. Всушност, мене не ми треба финансиска помош, бидејќи публикувањето онлајн не е многу скапо. Единствено што навистина би можело многу да го поткрепи проектов се аудио записи од песни кои се ретки, и кои е практично невозможно да се најдат по нормални канали.”

Од интервјуто дадено за @it.com.mk

Доколу имате песни од богатото македонско творештво во било кој формат, вклучете се во популаризација на нашето духовно наследство со што ќе се наниже уште еден бисер во ѓерданот кој ќе го краси македонскиот интернет простор.

Линкhttp://pesna.org

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here