Дома Историја Илинденското востание, левица, десница и терминот предвремен

Илинденското востание, левица, десница и терминот предвремен

2,834 views
0

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, на 18.04.2013г. го организираше предавањето „Илинденско востание: историографски дилеми и контроверзи“, од проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев. Настанот се одржа во Музеј на град Скопје, а поводот беа постојните дилеми и контоверзи, како и интересот на јавноста за прашањата поврзани од 120 години од формирањето на МРО и 110 години од Илинденското востание, кои претставуваат појдовна основа во организираната револуционерна броба на македонскиот народ за самостојна држава. Меѓутоа, од дeнешна дистанца – 110 години потоа – се чини дека сè уште постојат одредени стеротипни сфаќања околу донесувањето на одлуката за востанието. Како во историографијата, така и во печатените и електронските медиуми се уште кружат застарени стеротипи и оценки во смисла на легитимноста на одлуката за востание; дека истата била наметната од поедини авторитети; дека е донесена одлука за предвремено востание; различни перцепции за (не)погодната меѓународна ситуација, и други прашања и оценки кои во извесна смисла дури го девалвираат самиот чин на востанието, иако истовремено го величат како највисок дострел во револуционерната борба на македонскиот народ за независна македонска држава.

“е нагласам дека предавањето беше исклучително интересно, а д-р. Ванчо Ѓорѓиев покрај тоа што е професор и одличен историчар, исто така знае да ја анимира публика и пластично да им го долови минатото на луѓето.

Можеа да се научат многу работи во поглед на искривената историска слика која ја имаме за одредени периоди, настани и луѓе, а овој пат акцентот беше ставен на Илинденското востание и настаните пред и по него. Што се случува кога еден научен текст не е методолошки издржан и е пропратен со информации од енциклопедиски карактер? Ваквите историски трудови оставаат трајни последици кај генерации на луѓе кои потоа фриволно ги интерпретираат фактите и градат монструозни историски приказни во пишаните и во електронските медиуми. Публиката дозна дека не постои левица и десница во МРО, ниту пак луѓето во тоа време се доживувале така. Но темелното исчитување на историските архиви, а потоа и нивното научно интерпретирање е долг процес кој кај нас започна пред 20 години и се уште трае. Сите тие луѓе од минатото го дале/положиле својот живот за Македонија и ниту се сметале, ниту се доживувале како левица и десница, бидејќи ове термини се земени од едно друго историско време и аплицирани онака како им одговарало на историчарите кои (за)пишувале, но и се уште пишуваат книги и монографии во име на државата.

Predavanje Vanco Gjorgiev

Тешки се последиците кога историјата нема да се ослободи од дневната политика, па затоа со доста примери од конкретна литература, но и историски ариви од зачувани преписки, писма, мемоари и документи професорот Ѓорѓиев дојде до еден конкретен заклучок: констатацијата дека Илинденското востание не било ‘предвремено’, бидејќи токму тој караткер во учебниците и книгите го опишува како неуспешно. Терминот ‘предвремен’ е дискутабилен и од секој можен аспект неизддржан. Не постои предвремено востание, како што не постојат ниту предвремени избори, бидејќи ако тие се случиле, значи дека се создале поволни услови/клима за реализација.

[youtube]jIpslZMIggs[/youtube]

Ви предлагам да го погледнете целото предавање, ќе бидете побогати за едно не толку далечно минато, но секако во голема мера, доста погрешно интерпретирано дури и од самите историчари-експерти.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име