Home Археологија In Memoriam – Трајанка Јовчевска

In Memoriam – Трајанка Јовчевска

4,866 views
2

Почитувани колеги и пријатели,

чувствувам морална и етичка одговорност да и обзнанам на јавноста дека по кратко боледување, вчера почина Трајанка Јовчевска, археолог и проучувач на неолитскиот период во Република Македонија. Трајанка Јовчевска беше вработена на местотото Виш кустос – археолог во Музејот на град Велес и скоро целиот свој животен и работен век го имаше посветено на проучување на праисторијата од локалитети кои главно се наоѓаат во блиската околина на градот Велес. Зад неа ќе останат публикувани голем број на трудови, неколку книги, како и монографијата за неолитот во Велешкиот регион која остана незавршена.

Помеѓу другите активности, ќе остане запаметена како промотор на неолитската топчеста флејта, стара повеќе од 6000 години. Нејзината храброст да извади од депо еден заборавен предмет и со помош на музичарот Драган Даутовски да му даде една сосема нова димензија е за неизмерна почит.

Трајанка Јовчевска беше првиот археолог од постарите колеги која ми даде материјал за обработка и за публикување, во далечната 2002/2003 година, во времето кога никој друг не веруваше во мене и мојата експертиза. Како што таа ми помагаше мене сите овие години, така јас возвраќав со помош при документација на камените артефакти кои таа го имаше ископувано.

Погребот ќе биде утре, на 22. Јануари 2013 година во 12:30ч на гробиштата во Раштани. Македонската археологија загуби голем археолог и несомнено голем пријател на многумина од нас. Почивај во мир драга колешке, за мене секогаш ќе останеш да живееш во секој од предметите кои ги имаш ископано.

2 COMMENTS

  1. Nasata Taca, prekrasna licnost. Se gordeevme so nejze dodeka bese ziva a ke se gordeeme sto sme ja poznavale i ponatamu. Pocivaj vo mir. Kaj angelite ti e mestoto.

  2. Koga mnogimana od nas bi go sledela primerot na Taca, kako covek za kogo rabotata e dobles, se okolu nas bi bilo poinaku. Pocivaj vo mir, Draga moja. Sekogash ke ostanesh megu nas.
    Poraneshen direktor na muzej Veles
    Spase Perovski

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here