Home Антропологија Најави: 8. Меѓународна конференција е-Општество.мк 2012

Најави: 8. Меѓународна конференција е-Општество.мк 2012

2,181 views
0

На 14 и 15 ноември во Холидеј ин, во Скопје (Македонија), ќе се одржи осмата меѓународна конференција е-Општество.мк 2012. Овогодишната тема на конференцијата организирана од Фондацијата Метаморфозис е: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“.

Конференцијата е составена од два дена, а темите ќе овозможат размена на досегашни искуства, како и идеи и препораки за развој на образованието во иднина, потпомогнато со употребата на новите технологии и концептот на слободно споделување. Ќе се разработуваат теми поврзани со отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во државите во регионот. Исто така, ќе се анализира улогата која ја има граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование. Сите детали за конференцијата, како и агендата и формуларот за регистрација ќе ги најдете на официјалниот веб сајт, а сите апдејти на официјалната фејсбук страница.

ЈасВолан и Вуна – дебата со блогери на E-society 2006

Од почетоците на конференцијата Е-општество во 2005.година, по четигодишно следење како публика или како учесник во дебати, некаде од 2009. година почнав да земам активно учество и како говорник, во разните сесии организирани во рамките на E-society. На овогодишната конференција ќе земам учество и како говорник, но и како модератор на две сесии. Ќе настапам во името на Хаемус – Центар за научни истражувања и промоција на културата и ќе зборувам за археологијата, културното наследство, науката и образованието на интернет, преку свои лични проекти и примери. Всушност, никогаш и не сум престанала да пишувам и да зборувам за археологијата. 🙂

Во прилог ја вгнездувам и видео белешката од мојот настап на конференцијата Е-society 2009 (I Media), Holliday Inn, Скопје, 02.12.2009.Остатокот од приказната ја има тукаНастапот вклучи монтиран видео материјалpower point презентација и текст.

Our common heritage is our temple of knowledge.

Blog about your cultural heritage and protect it!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here