Home Антропологија Краток приказ – Symposium Viminacium MMXII

Краток приказ – Symposium Viminacium MMXII

1,986 views
0

Во организација на Археолошкиот институт при Српската Академија на Науките и Уметностите, во периодот од 5-8 октомври, имав шанса да претстојувам во Виминациум и да бидaм дел од меѓународниот симпозиум на тема ‘Archaeological Heritage and its Role in Education, Presentation and Popularisation of Science‘. Виминациум, кој бил најголем и најзначаен воен центар во некогашната римската провинција Горна Мезија лоциран во близина на Дунав, денеска е археолошки парк на површина од околу 480 хектари ставен под заштита на државата. Управуван е од преку дваесеттина вработени археолози, со тенденција кога ќе стане уште повеќе самоодржлива дестинација, да вработи уште нови млади археолози.

Место на одржување на симпозиумот беше Domus Scientiarum, научно истражувачки центар во рамките на локалитетот кој е изграден е во форма на римска vlla rustica и претставува простор со полифункционален каректер. Пред се е наменет за сите научници и истражувачи од целиот свет кои имаат потреба од лични истражувања во Виминациум, но комплексот е прилагоден и за работа со студенти, летни школи и конференции. Во исто време има капацитет да опслужи  преку стотина заинтересирани туристи кои имаат желба на автентичен начин да се вратат назад во времето на римската империја.

 Дел од учесниците на симпозиумот во Виминациум
Фотографијата е сопственост на Tajana Pleše

Официјалниот дел на конференцијата опфати исклучително набиена агенда од преку 60 учесници од многу земји од светот, меѓудругото и од Република Македонија. Тие имаа по десеттина минути за своја презентација во рамките на осум сесии кои ги опфатија следните теми: археологија, презентација на археологијата, едукација, херитологија, популаризација, презентација и музеи и музејски работилници. Огромно количество на информации, искуства и размисли во плодните дискусии, успејаа да наметнат интересни резултати. Од нив се извлекоа многу заклучоци, но паднаа и многу нови идеи, познанства, соработки, како и заеднички проекти. Освен необичниот амбиент од минатото, благодарност за пријатната атмосфера што беше креирана меѓу самите учесници треба да се се упати и на сметка на д-р. Miomir Korać (археолог и менаџер на археолошкиот парк), на д-р. Snežana Golubović (археолог), д-р. Milica Tapavički (археолог), д-р. Nemanja Mrđić (археолог), д-р. Jelena Andjelković Grašar (историчар на уметноста), како и многуте членови на љубезниот персонал. Сите тие заедно беа задолжени за организација на симпозиумот, направија да се чувствуваме пријатно како дома и да посакаме повторно да се вратиме на уште поубава дружба во прекрасниот Виминациум.

Symposium Viminacium MMXII – ”Archaeological Heritage – its Role in Education, Presentation and Popularization of Science”

По завршувањето на симпозиумот, партиципантите имаа можност да го посетат новиот музеј на Лепенски Вир, кој претставува светски позната мезолитска култура. На патот кон музејот се застана крајпатно до средновековната тврдина Голубац, изградена во 14 век, вдолж некогашниот римски лимес, на местото каде Дунав е најширок. На враќање кон Македонија исто така се посети и Felix Romuliana, т.е Гамзиград, кој е ставен на листата на светско наследство која ја прави УНЕСКО. Официјална и поширока рецензија за самиот симпозиум, локалитетот, како и прошетките ќе можете да прочитате во првиот број на Haemus, академското е-списание за археологија и историја на Балканскиот полуостров.

Со членовите на  групата Koryvantes (Атина) кои имаа
своја презентација и перформанс во рамките на симпозиумот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here