Home Археологија Изложба: DESCRIPTIO MACEDONIAE

Изложба: DESCRIPTIO MACEDONIAE

1,120 views
0

Сите археолози и историчари мечтаат да открија до сега непозната стара мапа која ќе им покаже одредено богатство или ќе им разјасни некој мистериозен настан. Арно ама, денеска стари мапи може да се најдат само во картографските оддели на одредени институции, и секако, на филм. 🙂

На 06.10.2012 г. во Музејот на Македонија ќе биде отворена „Стари мапи на Македонија (XV-XX век)“, една интересна изложба која ги опфаќа мапите помеѓу 15-20 век на кои се наоѓа и територијата на Македонија. Во текстот е вгнезден официјалниот флаер за оваа изложба, менаџирана и поставена од страна на Археолошкиот музеј на Истра, од Пула. Како од археолошки, овие стари мапи се мошне важни и од историски аспект, бидејќи развитокот на картографијата доста често зависел од одредени политички случувања, кои придонеле перцепцијата но и топографијата за Македонија низ вековите, да биде повеќе или помалку ‘изместена’.

Флаер за изложбата „Стари мапи на Македонија (XV-XX век)“

Во текстот од овој флаер се вели: ‘Kако несекојдневни уметнички артефакти, понекогаш аскетски едноставни, понекогаш разиграни од бои и форми, а секогаш допрени од времето и од патина, но и од духот и мислите на оние низ чии раце минувале во текот на долгите столетија, старите мапи сами по себе се многу убави и привлечни. Но, една мапа – илјада зборови” …

… а вашата фантазија, цели светови. Mostly recommended for visit.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here