Home Археологија Најава за 22 симпозиум на МАНД

Најава за 22 симпозиум на МАНД

4,939 views
2

На официјалната страница на МАНД (Македонското археолошко научно друштво) во изминатиот период беше објавен повик за учество на редовниот XXII Симпозиум на македонските археолози. Оваа година собирот ќе се одржи во Дојран, во хотелот Истатов, од 17-20.10.2012. Рокот за поднесување на темите е до 10.09.2011 година, па како што е редот, јас прво ја уплатив чланарината кон друштвото, а потоа пријавив два текста вообличени во презентации, со кои ќе учствувам на овој научен собир. Првата презентација е поединечна и се однесува на една досадна тема за камените алатки во праисторијата којашто археолозите се’ уште интензивно ја игнорираат, како да се тоа сосема неважни артефакти, иако сите камени доба се базираат токму на нив. Втората презентација е коавторска со проф. д-р. Ивица Милевски на темата за локалитетот Цоцев Камен, како резултат од еден подолготраен проект на кој мултидисциплинарно работиме.

1. Димитровска Василка, Институт за историја и археологија, УГД Штип
Мазнети алатки и абразивно орудие од локалитетот Виничко Кале

2. Димитровска Василка, Институт за историја и археологија, УГД Штип
Милевски Ивица, Институт за географија, ПМФ, УКИМ Скопје
Палегеографска реконструкција на археолошкиот локалитет Цоцев Камен

Мазнето орудие и абразивни алатки од Виничко кале (Енеолит)
фотографијата е сопственост на “Музејот Теракота

Се надевам дека годинава ќе има поголемо присуство на медиуми, за разлика од претходните години. Верувале или не, на спимпозиумот на МАНД пред 2 години во Струмица јас бев единствениот медиум кој пишуваше и известуваше на фејсбук и твитер, што се случува и до каде стигнала македонската археолошка научна мисла. Навистина голем срам за македонските медиуми (телевизиски, печатени и електронски) кои не најдоа за сходно да се појават помеѓу луѓето кои го создаваат културното наследство на Македонија. Но тоа е сосема разбирливо ако се има во предвид дека на ваквите собири има наука, а тие бараат експлозивно show and story кое би ја подигнало нивната гледаност/читаност.

 

Со текот на годините овие конференции бавно, но упорно напредуваат кон подобрување, селектирање, категоризирање на секциите и секако повисок квалитет на презентациите. Сепак морам да напоменам дека се’ уште отсуствуваат јавните дебати, работилници на зададени теми и секако, можеби блокови на домашни и странски документарци кои ќе променат дел од перцепцијата кај некои од повозрасните колеги. Она што ми е најмногу криво, е отсуството на желба презентациите да се документираат со видео, и потоа да се подигнат на интернет за да и бидат достапни на стручната јавност и на публиката.

Овој пост е отворена покана до сите колеги, медиуми и љубители на културното наследство, доколку сакаат да присуствуваат на овој симпозиум на МАНД. Со повеќето од нив се гледаме во живо, а за оние кои ме следат на интернет, нема да изостанат твитовите и секако, постовите на фејсбук. So stay tuned. 🙂

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here