Home Антропологија Тесли, изотопи и LBK

Тесли, изотопи и LBK

1,346 views
0

Пред некоја недела во престижното списание Proceedings of the National Academy of Sciences (познато како PPNS) се појави една интрересна студија поврзана со првите фармери или би рекла најстарите земјоделски популации во Европа кои припаѓаат на т.н. LBK  (the Linearbandkeramik или LBK). Интердицсиплинарните проучувања помеѓудругото се состојат и од мерење на изотопите на стронциум пронајдени во забите од жителите кои припаѓаат на LBK. Според нив, истражувачите го проценуваат местото на раѓање на повеќе од 500 мажи и жени пронајдени во некрополите на LBK кои датираат помеѓу 5200-5500 BC. Она што лично мене ме заинтересира кај оваа студија е поединечното погребување на мажите во чии гробови се наоѓаат фино изработени камени тесли, кои според истражувачите сугерираат на елитен статус во заедницата во тоа време. Резултатите всушност укажуваат на висок статус кај мажите кои живеат на истата локација на која се и родени како деца, во споредба со резултатите на другите изотопи кај остатокот од проучуваната популација, кои веројатно го немале овој статус.

The 87Sr/86Sr vs. 1/Sr from adult individuals of identifiable (definite or probable) sex. Circles show adult females, triangles show adult males, and filled symbols denote individuals buried with an adze. Inset: Typical LBK adze.

 

References: Bentley RA, Bickle P, Fibiger L, Nowell GM, Dale CW, Hedges REM, Hamilton J, Wahl J, Francken M, Grupe G et al. 2012. Community differentiation and kinship among Europe’s first farmers. Proceedings of the National Academy of Sciences Early edition.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here