Home Антропологија Како изгледа еден ден со теренски археолог во Република Македонија

Како изгледа еден ден со теренски археолог во Република Македонија

3,062 views
2

06:00 am

Се будам. На гости ми е дојдена колешка од Археолошкиот институт при Бугарската Академија на Науките во Софија. Го пиеме првото утринско кафе и разменуваме мислења за денешното патување. Имаме навистина набиена агенда и почнуваме полека да се спремаме со целата опрема која ќе ни треба за на терен.

 07:00 am

Тргнуваме од Скопје за Источна Македонија. Патот до малото гратче Кочани не одзема повеќе од 1час и 15 минути. Таму веќе не чека колешката-археолог Илинка Атанасова со која заминуваме до археолошкиот локалитет Св. Атанас лоциран на неколку км од овој град. Овој предисториски локалитет од Енеолитот ја разбранува научната јавност пред неколку години со исклучителните наоди на женски фигурини. Но ние сме повеќе фокусирани на камениот делкан материјал кој е моја субспецијалност во археологијата. Додека колешката Атанасова ни објаснува за наодите од локалитетот, ги набљудуваме профилите од сондата и земјата во која се гледаат кремени алатки.

Енеолитски фигурини од локалитетот Св. Атанас, Република Македонија

10:30 am

Нашата посета во рудникот Опалит е највена претходно. Овој рудник за неметали (опал, ахат, калцедон, опализирано дрво) се наоѓа на 1 км од локалитетот Св. Атанас. Неколку години тој е моја тема на интерес како можна локација од каде предисториските заедници од регионот, но и пошироко црпеле суровина за своите камени алатки. Истото важи и за мојата колешка од Бугарија која ја тестира претпоставката дека некои суровини за камени алатки најдени на предисториските локалитети по текот на Струма во Бугарија, потекнуваат од ова лежиште. Не пречекуваат луѓето кои се вработени во рудникот. Тргнуваме на прошетка по околината во потрага на можни површински копови од праисториските заедници. Фотографираме и документираме за мојата докторска дисертација.

13:30 pm

Пристигнуваме во Институтот за историја и археологија при Универзитетот во Штип, мојата матична институција. Одам на состанок со проф. д-р Блажо Боев, мојот ментор за докторската теза. Долгиот разговор ги опфаќа сите мои белешки од тој ден и размислувања на темата за локалните ресурси за камен во праисторијата на Македонија. Секоја информација ја пополнува и дообликува мојата теза која е насочена кон оваа тематика. И ги покажувам на колешката од Бугарија лабараториите за камен и објаснувам какви анализи може да се направат.

14:45 pm
Возиме до Виница, последната дестинација за денеска. Во “Музејот Теракота” постои една мала збирка на мазнет камен од археолошкиот локалитет ‘Виничко кале’. Јас сум единствениот археолог во Република Македонија кој работи камени артефакти од археолошки локалитети и чувствувам морална и професионална одговорност да им помогнам на колегите. Ги добивам сите информации за артефактите, теренските и кабинетските белешки и одлучувам дека многу бргу со мојот ментор би можеле да дојдеме да ја обработиме оваа збирка. Во меѓувреме успеавме да го посетиме и локалитетот ‘Виничко кале’, тврдина од времето на Јустинијан I, која е заштитен знак на градот Виница.

Мазнето орудие и абразивни алатки од Виничко кале (Енеолит)

17:00
Се упатуваме назад кон Скопје. Стигнувам дома и почнувам да проверувам и да одговарам на мејлови, фејсбук и твитер пораки. Мојот археолошки ден се уште не е завршен. Треба да се подредат сите импресии, забелешки и фотографии од изминатиот ден по фолдери за да бидат употребливи во идина, за мене или за некој друг.

*   *   *

Овој текст во оригинал е пишуван на англиски јазик, како дел од акцијата за ‘Денот на Археолозите‘ (29. Јуни 2012). Целта беше да се подигне јавната свест за културното наследство и одговорноста која ја имаат археолозите во врска со него.

2 COMMENTS

  1. Јас, Кокан сум многу незгоден, и како појава и како интелект, а и кога работам нешто. Би сакал да знам што знаеш за кристалите. Јас мислам дека, колку ги има природни, толку ги има како создадени од рака човечка. Нашата претходна цивилизација ( злобно обележена од англичани и други странци како цивилизација на каменото одоба) била сепак напредна. Имам докази за тоа. Вистина само малку докази, но и клопчето конец има само еден крај: повлечи го и се одмотува цело и тоа до крај. Ншите предци правеле вештачки камења и многу тоа.
    Поздрав
    Кокан

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here