Home Аквадуктот во Скопје (серијал) Да изградиме постар и поубав Аквадукт

Да изградиме постар и поубав Аквадукт

3,905 views
3

Скопскиот Аквадукт е една прекрасна архитектонска градба која се наоѓа во скопската населба Визбегово (општина Бутел). Несигурно е датиран помеѓу 6-15 век, поради отсутво на истражувања, археолошки ископувања и публикации. Претставува културно-историски споменик со непроценлива вредност и еден од ретките вакви објекти на Балканот. Состојбата со заштитата на овој споменик ја пратам на мојот сајт повеќе од 7 години, а текстовите се поместени во посебен серијал за Аквадуктот кој е постојано достапен за консултација.

 

Фотографиите се сопственост на Тони Манџуковски

Фотографиите вгнездени во текстот се направени на 05.08.2012 г. благодарение на Тони Манџуковски, љубител на нашето културно-историско наследство, и ми беа проследени преку социјалните мрежи. На фотографиите може да се види оштетувањето кое е настанато на Скопскиот Аквадукт, благодарениe на локалното население кое со години го користи како градежен материјал. Заради брзата реакција на медиумите, фотографите беa инстантно споделени преку социјалните мрежи. Повторно, по кој знае кој пат граѓаните реагираат на соодветен начин што не дозволува да се уништи уште еден вреден објект оставен на забот на времето кој со децении пропаѓа поради несоодветната заштита. Особено на удар треба да бидат институциите кои работат во сферата на културното наследство, бидејќи покрај сите проекти кои провејаа низ медиумите за ревитализација, тие ништо не сторија да го заштитат и да оградат нашиот Аквадукт!

Стравувам од ваквите спори реакции на институциите и луѓето кои работат со заштита на културното наследство на Република Македонија. На крајот нема да ни треба ниту ‘Закон за културно наследство’, бидејќи нема да имаме што да заштитуваме.

Апдејт со реакции:

05.08.2012 Фото | MKnews.mk – Аквадуктот во Скопје ќе падне – поткопани основите на столбовите

06.08.2012 Portalb – Apel: Ruani Akueduktin e Shkupit!

07.08.2012 Моја изјава за Фокус – Скопскиот Аквадукт виси на конец

Изјава за Фокус (07.08.2012) Скопскиот Аквадукт виси на конец

07.08.2012 Рекација по мојот твит во кој ги прашувам општина Карпош зошто не реагираат за културно-историски споменик на нивна територија

07.08.201 Global Voices – Macedonia: Devastation of Skopje Aqueduct Continues [eng], mkd, gr, fr, es,

07.08.2012 Изјави во медиуми на темата за Аквадуктот

 08.08.2012 Изјава за AlSat-M TV во прилогот ‘Akuadukti në Shkup, në gjendje të mjerueshme

3 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here