Home Антропологија Наследството под булдожери: или, како ги снемува културните ресурси од минатото на...

Наследството под булдожери: или, како ги снемува културните ресурси од минатото на еден град

1,726 views
0

Во постот подолу е вгнезден мојот последен труд во списанието ‘Културен живот’ 1-2/2012, настанат како последица од она што го премолчеа македонските археолози, како подршка на архитектонската фела и како јавен крик за сето она културно наследство кое го загубивме засекогаш! На овој текст му претходеа многу написи на мојот сајт во изминатите 2 години, како и реакции во медиумите. Збoрував, пишував, одев на јавни дебати за да се поткрене јавната свест на луѓето кон своето културно-историско наследство. Добив подршката од архитектите, но не и од археолозите и историчарите. Многу е безболно кога има ‘Ден на археологијата‘ сите да си шкртнат по нешто весело. Ама кога има сериозна работа со последици при која се губат културните ресурси на еден град и на една држава, македонските археолози молчат немоќни, уплашени и без било какви когнитивни капацитети да сторат нешто за она кое го учеле со години на факултет и за кое ги плаќаш ти драг читателе од својот џеб.

Наследството под булдожери: или, како ги снемува културните ресурси од минатото на еден град

При постирање на овој текст на фејсбук, кога ме запрашаа во коментар: ‘до кога вака ќе губиме нешто значајно што не се враќа назад никогаш?’ Јас одговорив: ‘Културното наследството ќе го губиме се додека повеќето мои неспособни и политички подобни колеги молчат за се’ она што се случува!’

Линк за превземањеhttp://scr.bi/O92F4W

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here