Home Археологија Wikimania 2012 – Википедија ги сака спомениците

Wikimania 2012 – Википедија ги сака спомениците

1,769 views
0

Покрај т.н. GLAM сесии, на конференцијата Wikimania 2012 во Washington DC еден од наjпосетените панели за дискусија беше ‘Википедија ги сака спомениците’ (Wiki loves monuments). Се работи за проект започнат во 2010 година од страна на Wikimedia Nederland, кој доби огромна популарност на светско ниво помеѓу корисниците на Википедија и денеска се организира во огромен број на држави.

‘Вики ги сака спомениците’ е меѓународен фото-натпревар во кои се вклучени објектите кои се означени како културното наследство на една земја. Секој може да учествува на овој конкурс во својата локална средина, подобрувајќи ја на тој начин Википедија, а се што треба е фотоапарат, добра волја и познавање на културното наследство кое се наоѓа насекаде околу нас. Во секоја држава-учесничка може да се освои награда, а најдобрите фотографии од секоја земја продолжуваат да се натпреваруваат пред интернационалното жири – која го избира најдобриот фотографиран споменик за таа година.

Учесниците во панел дискусијата
‘Википедија ги сака спомениците’ (Wikimania 2012)
credits © Pierre-Selim

За да се организира ‘Вики ги сака спомениците’, потребни се официјални податоци кои ги доставуваат државните и регионалните установи за културно наследство, а во нашиот случај тоа би била Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија. Доколку институцијата одбие да партиципира, вредните википедијанци на Википедија составуваат списоци на споменици по шаблон. При тоа, на секој споменик му треба своја едиствена назнака кое овозможува лесно уредување во викито, па така може да се увезе огромна база на културното наследство од секоја држава посебно, која би ги содржела сите расположиви културно-историски споменици на една територија.

Колку за информација, на натпреварот во септемви 2011 година, учествувале 5000 корисници на Википедија од 18 земји од светот и за еден месец се подигнати 165.000 фотографии во Ризницата на Вики Комонс. Затоа, нека тече слободното знаење! Нека се знае за културното наследство на Република Македонија. Ова е многу лесен и бесплатен маркетинг за нашата држава и се надевам дека годинава ќе успееме да учествуваме на овој избор, бидејќи времето за подготовки е многу кратко.

Мојот беџ со назнака
Википедија ги сака спомениците’

Ексклузивно право на организација на овој настан има исклучиво Викимедија Македонија како официјален огранок на фондацијата Викимедија и партнерите кои тие ќе ги изберат за да партиципираат. Секој корисник може да подигнува колку сака фотографии под лиценцата на Кријетив Комонс во ризницата на Wikimedia Commons. Но за да учествува во изборот за награда за најдобра фотографија, тоа мора да го стори во Септември 2012 година.  За повеќе информации можете да ми се обратите лично на мејлот info@arheo.com.mk или да пишете на официјалниот мејл на Википедија на македонски јазик.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here