Home Антропологија Резиме од Бесплатниот разглед низ Отоманското наследство на Скопје

Резиме од Бесплатниот разглед низ Отоманското наследство на Скопје

1,875 views
0

На 13.05.2012 година резлизирав уште еден Бесплатен разглед низ Отоманското наследство на Скопје. Полудневната тура со посета на културно-историските спомениците од Османлискиот период кои опстоиле на територијата на Скопје од 1392 година, па се’ до денеска, беше замислена како едукација низ дружба за оној дел од нашето минато за кој многумина имаат предрасуди бидејќи не го познаваат доволно. За прв пат поради конструктивни причини (пред се’ Законот за туристичка дејност и безбедноста) бројот на посетителите беше ограничен со ваучери. На ваучерот беа наведени времето и местото на поаѓање на овој бесплатен разглед, а една персона може да подигне најмногу до 2 ваучера. Тоа ја ограничи бројката на оваа тура до максимум осудесеттина посетители. Со оглед на големата заинтересираност, следниот пат ќе може да се направи резервација на ваучерите, па доколку сакате да бидете однапред известени, ве молам на мејл испратете ми ги вашите контакти.

Ваучерот за Бесплатната прошетка низ Отоманските споменици на Скопје

Во контекст на објаснувањето на детаљите за турата како и доделување на ваучери за заинтерсирани посетители, на 08.05.2012 год. се појавив како гостин во пладневната емисија на Радио Мрежа Канал 77. Голема благодарност до овој медиум кој ми отстапи доста голем простор од својата емсиија, за да ги искажам јавно моите размисли за културното наследство на Скопје и Република Македонија.

[soundcloud]http://soundcloud.com/arwena/interview-for-77-fm-89-7-08-05[/soundcloud]

Радио Мрежа Канал 77 FM 89.7 – 08.05.2012 by Arwena

Веднаш после турата имаше многу реакции на социјалните мрежи, споделување на мислења, фотографии, како и еден харзиматичен напис на порталот Балкон3, кои имаа испратено екипа на новинари и сниматели, за да ја документираат турата низ Османлиските споменици на Скопје. Репортажа на сајтот Балкон3 за бесплатната “Прошетка низ Отоманското наследство на Скопје” може да се прочита на македонскианглискитурски и грчки јазик. Но она коешто навистина ми остави впечаток беше видеото кое го добив пред некој ден на мејл. Позитивно сум изненадена и почестена од посетителот кој го направил овој видео клип и упатувам голема благодарност за вложениот труд. 🙂

Настанот беше подигнат и исклучиво споделуван на социјалните мрежи, како впрочем и сите настани кои ги организирам. Исто така упатувам голема благодарност до посетителите за споделената позитивна енергија и високото ниво на свесност за своето културно-наследство од минатото.

Капан Ан, 15 век
Стара скопска чаршија, Скопје (13.05.2012)

Би сакала да додадам дека сум корисник на многу социјални мрежи и во генерална смисла ги сакам новите медиуми, бидејќи тие ме направија да бидам финансиски независна во последните неколку години. Финансиската независност придонесе да го реализирам она коешто секогаш сум го сонувала, живеела, работела, а тоа е културното наследство. Затоа мој совет е да ги користете умно социјалните мрежи, ако сакате тие да работат и да зависат од вас, а не обратно. Во тој контекст би додала дека луѓето едноставно не сфаќаат колку се богати, зошто богатството не лежи само во парите. Или да цитирам: ‘The richest people in the world look for and build networks. Everyone else looks for work (Robert Kiyosaki)’. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here