Home Антропологија Јавна полемика: Што правиме со идентитетот закопан под земјата

Јавна полемика: Што правиме со идентитетот закопан под земјата

2,626 views
2

Во последните неколку недели, стручната и медиумската јавност можеше да следи преписка во еден од дневните весници која се однесуваше на политизацијата на археологијата, со терминологија која не многу доликува на стручна дебата. Па така, наместо да публикуваат монографии цел свет да не знае, моите ‘колеги’ се караат по медиуми, цел свет да ни се смее! Кој знае колку пати сум повторила до сега дека културното богатство не смее да биде предмет на политизација, а јавноста треба да биде лишена од лични емоционални пертурбации кои носат штета на нашето културно наследство и на археологијата како наука.

Следејќи ја хронолошки архивата на написите (123456789101112), се наметнаа многу прашања, од кои најчесто повторуван беше терминот  ”државен археолог”, кој би сакала накратко да го појаснам. Археолозите секаде во светот независно дали работат во приватниот (најчесто) или во државниот сектор, се јавно ангажирани стручњаци чие мислење има голем импакт кај медимите и кај граѓаните. Изјавите во јавноста исто така имааат огромно влијание, со оглед на тоа што нивните ставови можат да обликуваат нечиј туѓ светоглед за пократок или подолг временски период. Би можеле да кажеме дека ‘за среќа’,  лични ставови за македонската археологијата ретко има во нашите медимуите. Нивнотот отсуство е видливо и на спорадичните археолошки ‘научни’ симпозиуми, каде не се случила до сега ниту една дебата или полемиика. Но тоа не е затоа што македонските археолози немаат лични ставови за одредени работи, туку затоа што најчесто се плашат да ги кажат јавно, поради тоа што ќе трпат опструкции во своите матични институции.

Што се однесува пак до нашиот ‘идентитет’, ќе се повикам на многупати споменуваниот факт дека на територијата на Република Македонија до сега се регистрирани преку 5 500 археолошки локалитети. Од нив не е ископуван ниту еден процент.  Од тој еден процент, најголем дел од наодите воопшто не се публикувани и ги красат депоата на музеите со децении. Затоа на прашањето дали потекнуваме од Античките Македонци или од Словените, не можe да се одговори од многу едноставна причина. Бидејќи целото наше културно-историско наследство се’ уште се наоѓа по земја. Таму ни лежи целиот идентитет, ако некој тргнал да го бара.

2 COMMENTS

  1. Se postavuva logicko prasanje za identitetot. Sto e identitet? Toa sto sme(segasnost)? Toa od sto/kogo poteknuvame (minato)? Ili dvete. Za nekogo identitetot e nesto sosema treto, parce hartija – licna karta, za nekogo e tradicija…
    Moe mislenje e deka identitet e toa sto sme. Segasnost. No, za nekogo e polesno da se najde/dokaze sebe si preku minatoto. Istorija e ubava nauka no nejziniot problem e sto hronoloski doaga vo konflikt so vistinata. Tesko se dokazuva. Cesto se povikuva vrz odredeni stari zapisi/iskazi -sto se vsusnost licni stavovi na nekoja osoba, koi ne se neophodno vistiniti. Do sega nikoj ne go pobedil (vratil) valcerot na vremeto. Kako ke go igrame tancot e nas izbor. Mojot izbor e: so merak!

    Pozdrav od
    Miroslav

  2. A za kopanje pod zemja sum so golemo ZA. Ubavo e da se dopolni bogatiot mozaik na nasata istorija. Mislam deka vladava treba da prodolzi so investiranje vo arheologija. Toa pozitivno ke i se vrati na poveke polinja. Samo napred…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here