Home Археологија Каде ли заминуваат сите приказни за археологијата

Каде ли заминуваат сите приказни за археологијата

2,420 views
2

Не сум сретнала човек кој не ја сака археологија. Полна со предизвици, мистериозни приказни за одамна изчезнати цивилизации, тајни богатства и проколнати амајлии … Но луѓето обично ја забораваат најважната нитка. Се’ што ни останало од минатото се по некој историски запис, одредена архитектонска градба и многу предмети. Никој не сака да се замара колку долго траело археолошкото ископување, колку фрагменти керамика биле пронајдени, дали можеле да се спојат во форми и како изгледале тие садови. Но сакаат да ја знаат приказната која стои позади печатот кој го оставила работилницата или сторијата позади инсигнијата на богатиот граѓанин што го користела истиот тој сад. Од ископан предмет за да се дојде до конечен текст е сложен и долготраен процес. Како научници, имаме приод кој ни овозможува да направиме реконструкција, но само на сегмент од нечиј дамнешен живот.

Да се создадат веродостојни приказни врз основа на материјалните фрагменти е голема интелектуална работа, но и креативно толкување на проблемот кој го имаме пред себе. Кога овие информации ќе се контекстуализираат низ перото на писателите, може да се добијат романи кои по својата жестина се еднакви на веќе видени и проверени холивудски сценарија. Но како да се стигне до овие приказни без интерпретација на минатото?! Постојано се прашувам дали ние во Македонија немаме доволно приказни со кои ги храниме писателите, или немаме доволно квалитетни писатели кои од нашето минато ќе направат историска безвременска приказна!

Постојат повеќе приоди кон археологијата на една држава, град, регион или локалитет. Дури и вашата фамилија е археологија. Тогаш како сите активно да се вклучиме во еден процес кој ќе остави долготрајни записи за еден народ, за едно време, една група обожаватели на нечиј култ …?! Со интернетот, сајтовите, блоговите, форумите и социјалните мрежи му е дадена ограмна моќ на човештвото. Би било мошне погрешно во време на интернетот, да очекуваме друг да ни ја запише нашата сегашна историја. Современиците тоа го очекувале можеби од писателите или патеписците во 20те, 50те или 70те години од 18от или 20от век. Но денеска имаме колективни дупки во нашата меморија за одредени настани, места или луѓе, токму поради отсуството на записи. Имаме проблем со нивната веродостојност или реконструкција, обидувајќи се да разбереме што била реалноста, а што вистината.

Се прашувате каде ли заминуваат сите незапишани приказни за археологијата? Не заминале никаде, тие се тука и ве очекуваат. Ако тоа не го можат археолозите или писателите, на вам ви останува да ја апсобрирате нашата археологија како прекрасна приказна и да ја раскажете секому. На сите овие стории треба да се навикнеме како на наша облека. Да се нурнат во сечиј сон, во сечиј дом. Да бидат многупати отсонувани за да можат засекогаш да живеат во времето. Илјадници артефакти чекаат молкум во витрините на музеите, а десетпати уште повеќе по депоата на институциите. Што ни зборуваат сите овие предмети? Тие како сведоци на еден период временски или територијално запечатен во минатото, се обидуваат од себе да го симнат превезот на вечната мистерија со која се обвиткани. Податоците ќе патуваат долго, давајќи ни притоа пропратни информации за животот и верувањата.

Зошто треба да појдете до музеите низ Македонија и да ги видите поставките? Ако било кога сте помислиле дека археологијата е само приказна, сега е шансата да се уверите во спротивното. Јас нема да бидам таму за да ве поведам на прошетка низ лавиринтите на вашето минато. Јас не треба да постојам, ниту да ви се допаѓам. Јас сум само едно богато искуство низ кое сте поминале читајќи го овој сајт.

Препораки за читање:

Дунг Каи Чонг: „Aтлас: Археологија на еден измислен град
Umberto Eco: Sei passeggiate nei boschi narrativi

2 COMMENTS

  1. Локалитет Градиште, уништувањето од страна на мобилните оператори.
    Треба да се одговори на прашањето, зошто мобилните оператори поставуваат свои станици баш врз локалитети, кои се истурени висински коти.
    Одговорот е многу едноставен. Тие тоа биле и во длабокото минато, истите тие точки за далечинско поврзување (телекомуникации) во времето кое е наречено како “камено доба“,или уште пред тоа. Прво, тоа значи дека конфигурацијата на теренот можеби е изменета, но не знатно. Второ, каменот од “каменото доба“ не е камен. Трето, со што се комуницира денеска, со тоа се комуницирало и во длабокото минато (со електромагнетни бранови, можеби не со нивни еднакви извори како на денешните, но и тоа е прашање, бидејќи имаме слика на радио лампа со димензии поголеми од човек). Четврто, почитуваните археолози офрлаат видливи докази за сето ова.
    поздрав
    Кокан

  2. Прекрасен текст за археологијата. Со многу емоција и топлина.
    Се гледа дека ја имаш во малото прсте!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here