Home Антропологија Коски – археологија на криминалниот ум

Коски – археологија на криминалниот ум

1,318 views
0

Дали Мислите дека постои совршено убиство испланирано до најситниот детаљ, од кое нема да остане ни трага? Морам да ве разочарам,  совршено убиство не постои, иако можеби постои совршен план. Таков план евентуално може да смислат само најдобрите форензирачи од некоја лабараторија, но во 21 век со сета достапна теxнологија се поставува прашањето: Може ли да се прелаже форензиката?

Во 2000 година започна да се емитува првата епизода од серијата CSI, која доживеа неколку продолженија на различни нивоа. По големиот успех кај публиката, по иста или слична матрица на детективски сценарија, трендот продолжи во сериите Criminal Minds, Bones и Castlе.

Од сите овие криминални филмови полни со убиства и мистерија, би ја издвоила ‘Bones’ (Коски) која веќе седма сезона се емитува во САД без било каква шанса да ја видат гледачите од Македонија. Зошто серијата ‘Коски’ се разликува од сите вакви слични сценарија и што е она кое ја прави да биде толку уникатна?

Можете да го криете сопствениот карактер колку сакате, но еден ваш отисок или дамнешна повреда на некоја коска, ќе го раскаже сето ваше минато кое може да ја одреди и вашата иднина. Создадена, напишана и продуцирана од форензичкиот антрополог Kathy Reichs, овој серијал е неверојатна комбинација од двата јинг-јанг карактери, форензичкиот антрополог Д-р. Temperance ‘Bones’ Brennan (Emily Deschanel) и нејзиниот партнер од FBI, специјалниот агент Seeley Booth (David Boreanaz), во потрага и откривање дури и на оние дамнешни убиства од кои не останала ниту една трага. Но дали е така?!

Серијата го прати професионалниот (во подоцнежните сезони и приватниот) живот на Д-р. Бренан, форензички антрополог кој целиот свој живот го поминала во лабараторија проучувајќи скелети од археолошки ископувања. Таа е неверојатно силна, интелегентна, стабилна и оштра жена чиј јазик ги пресекува дијалозите на половина со само една изустена реченица. Дејствијата воглавном се случуваат во лабараторијата на ‘извесниот’ Џеферсониан Институт во Вашинготн кој е припоен со ФБИ, иако неретко главните личности излегуваат на терен во многуте американски држави. Во еден момент на нејината кариера, таа ќе му биде препорачана на специјалниот агент Бут, во разрешувањето на убиствата од кои не останало ништо друго на теренот, освен нивниот скелет. Така ќе го добие и својот прекар ‘Bones’.

Ја препорачувам ‘Коски’ за гледање бидејќи одамна на малите екрани не сум видела серија во која дијалозите се одвиваат на исклучително високо научно ниво, додека информациите од истражувањето на некое убиство балансираат помеѓу помеѓу ладниот рационален ум на Др. Бренан и емотивниот ФБИ агент Бут, без притоа да биде испуштена било каква информација што гледачите треба да ја восприемат. Сцените со форензичките анализи не се за луѓе со слаб желудник, бидејќи во најголем број случаи се работи за тела кои се прилично распаднати до тој степен што предизвикуваат одбивност, гадење и трауми. Но и покрај сето ова, Коски е помеѓу најгледаните серијали на американскиот континент веќе со години, добитник на огромен број награди, а карактерите од франшизата се омилени кај публиката од сите возрасти.

Оваа кратка рецензија се должи на тоа што многу ме бендиса фактот да во една популарна криминална серија, во центарот на дејствието се стават археологијата и форензичката антропологија од една страна, во спрега со науката, човечкото тело и умот на криминалците, од другата страна. Впрочем, за да се направи археолошка вивисекција на криминалниот ум, денеска се потребни само неколку ситни делови од нечие тело. Понекогаш, дури ни тоа. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here