web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

PostHeaderIcon Архео пресек низ 2011

Изминатава 2011 година ќе ја запомнам како исклучително успешна на професионален план. Многу терени, обработки на камени збирки по музеите, многу соработка со колегите, колаборативни проекти за нашето културно наследство со неколку институти и универзитети, одбраната на мојата теза во Белград, присуство на неколку големи европски симпозиуми, запишувањето на докторат на Универзитетот во Штип, повеќе научни и популарни публикувани текстови за археологијата, промоции на археолошки книги како и неколку јавни предавања, придонесоа да ја заокружам оваа 2011 година на најдобар можен начин.

Постер изработен од блогерите на Blog.mk за една од моите бесплатни прошетки низ Скопје

Направив неколку бесплатни тематски тури низ културното наследство на Скопје, водев стотици домашни и странски туристи, се основа Травел Тренинг Центарот каде сум менаџер и координатор, а стартуваше и проектот Macedonia Vision во кој сум веќе трета година креатор и дел од тимот. Не изостанаа ниту активностите со Викимедија Македонија, официјален огранок на Фондацијата Викимедија која е задолжена за локалните Википедии. Крајот на годината го заокружив со контракт со корпорацијата National Geographic Society, кој е мал по обем но ќе биде многу значаен за културниот туризам и воопшто промоцијата на Република Македонија во светски рамки.

Исто така дадов безброј изјави и интервјуа како за домашни така и за странски печатени, телевизиски и електронски медиуми, како дел од мојата професија на социјално ангажиран археолог. Упатувам голема благодарност до сите мои пријатели, читатели, колеги и медиуми за поддршката што ми ја пружија при истражување, промоција и валоризација на културното наследство на Република Македонија. Ова дефинитивно беше година кога свето делување со нивна помош почнав да го префрлам од дигиталниот, во аналогниот свет. :)

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats