web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

PostHeaderIcon Промоција – Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија

На 05 јануари 2012 година, во просториите на кафе-книжарницата Магор, со почеток во 19 часот ќе биде промовирана книгата ‘Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија’ од авторите Никос Чаусидис и Гоце Наумов. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Александар Прокопиев. Некако чинам дека Магор ќе биде премал простор за да ги собере сите љубители на нашето културно наследство. :)

Инфо:

Оваа монографија обработува неколку категории археолошки наоди откриени на територијата на Република Македонија што потекнуваат од неолитскиот период (6500 – 4000 години пред нашата ера). Пред сè, станува збор за керамички предмети обликувани во форма на човечкото тело или на одредени негови делови, не ретко комбинирани со некои други елементи од тогашното негово опкружување: антропоморфни фигурини, антропоморфни модели на куќи и антропоморфни садови. Во оваа публикација, акцентот не е ставен на самите наоди, туку на нивната научна интерпретација. Врз база на типолошките, компаративните, интердисциплинарните и семиотичките методи, во неа се прави обид за откривање на митско-религискиот карактер на овие артефакти, нивното место во социјалните сфери на неолитските заедници, како и на односот на тогашниот човек кон сопственото тело и светот во кој егзистирал.

Настанот со своја страница на фејсбук.

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats