Дома Антропологија Палеолит (3) – како до мултидисциплинарен приод

Палеолит (3) – како до мултидисциплинарен приод

3,398 views
0

Еден пресек на под од пештера или поткарпа вообичаено покажува број на слоеви (нивоа) честопати со различна текстура и бои. Содржината на овие слоеви може да биде индикатор за промената на температурата низ временските периоди. Сигурно се прашувате зошто на еден археолог му е потребно да има информации од областа на геоморфологијата и геологијата?

Токму во овие седименти депонирани се и најстарите орудија направени од човекот. Поради тоа тие се од огромна важност како за геологијата која го проучува составот на земјата, палеонтологијата – која ги проучува остатоците од древните растенија и животни, географијата која може да направи плаеореконструкција, и секако – за археологијата која ги проучува сите материјални остатоци врз кои трага оставила човечката рака.

Во потрага по најстарите остатоци на човекот истовремено сум спелеолoг и археолог

Првото нешто што древниот човек го земал од природата и го преобликувал, бил каменот. Епохите од предисторијата во светот, а и кај нас, претежно се темелат на камените ракотворби, како што ни покажуваат и нивните имиња. Така и почетните културни периоди од историјата на човекот го носат именувањето палеолит, мезолит, неолит и енеолит. Камените алатки за жал досега не биле објект на поинтензивен интерес за понатамошни истражувања во нашата археологија, најмногу поради отсусуво на истражувачи кои се занимаваат со оваа тематика.

Но, човекот како материјал не го користел само каменот, туку и дрвото, коската, и животинските рогови. Поради своите физички својства каменот создава само привидна доминација дека била една од најфрекфентните суровини. Всушност во отсуство на керамиката која ја има кај подоцнежните периоди, праедисторијата се темели на наодите од камен, т.е. литика и растителните и животинските остатоци од древната флора и фауна (палеонтологија), најдени во истодобните геолошки формирани седименти во пештерите и поткарпите. Затоа потребно е секое археолошко истражување на пештерите и поткарпите да има мултидисциплинарен пристап и во екипата да биде вклучен геолог, т.е. по можност геолог-седиментолог, географ и палеонтолог.

Истражувањето на седиментите во пештерите и поткарпите е од огромна важност бидејќи со нивна помош може да се изврши релативно датирање на археолошките наоди кои припаѓаат на различни културни епохи од предисторијата. Но честопати може да се сретнат и наоди кои датираат од подоцнежните периоди (на пр. железно време, антика – светилишта, среден век – пештерни цркви и.т.н.)

Поврзани текстови:

Палеолит (1) – зошто пештери и поткарпи?
Палеолит (2) – седиментите во пештерите и промените на климата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име