Home Археологија Македонското културно наследство се одлева преку виртуелен пазар

Македонското културно наследство се одлева преку виртуелен пазар

2,618 views
1

Сведоци сме дека приврши случајот ‘Фаланга‘ во кои се осудени уапсените луѓе обвинети за незаконско ископување, чување и шверцување на археолошки артефакти (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8). Не можам да спорам околу тоа дали се фатени вистинските луѓе, бидејќи во животот не сум видела ниту сум контактирала со див копач или со антиквар кој ги препродава на црно. Но едно знам, доколку ‘Фалангата’ не стапне во виртуелниот свет подлабоко, ни се одлеа целото наше историско богатство.

Најголемото место за тргување одамна стана виртуелниот простор. Во текстот се вгнездени фотографии кои можат да се пронајдат на сајтот www.pazar3.mk, каде преку анонимни огласи се продаваат монети кои потекнуваат од територијата Република Македонија. За да го појаниме законот на РМ за културно наследство и оваа навремена реакција, ќе напоменеме дека се што е мен мејд – се нарекува артефакт. Тоа значи дека секој предмет во минатото и се’ она што се употребува во моментов во вашите домови, спаѓа во рангот на артефакт. Секој артефакт кој е постар од 100 години, уникатен е, или повеќе не се произведува, претставува антиквитет. Па така антиквитет се и најстарите камени алатки од Одлувај, антиквитет е и првиот кондом, но и првиот мобилен телефон. Колку антиквитети гледате на фотографииве?

Секое тргување со антиквитетите, спротивно од Законот на Република Македонија, спаѓа во криминогени дела и аналогно на тоа следат правни санкции. Ако за фрлен пикавец на улица казната е 50 евра, колку е казната за уништување и препродавање на сопственото наследство на интернет, пред стручната, медиуската јавност и граѓаните, и каде се притоа надлежните органи да реагираат, да го затворат овој дел од сајтот и да ги притворат сите инволвирани во оваа виртуална ‘Фаланга’.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here