Home Антропологија Да си останев со средно, до сега ќе бев министер, а не...

Да си останев со средно, до сега ќе бев министер, а не магистер

1,220 views
0

Ако кажам дека оваа држава ги понижува археолозите, ќе ве прелагам. Бидејќи таа не ги деградира само нив како истражувачи, ами севкупниот научен кадар и истражувачките профили од сите науки кои чмаат по универзитетите и институтите со децении. Од лошото искуство кои го имале досега некои мои колеги, очигледно е дека во моментов повеќе се исплати да се преведе или рецензира, отколку да се напише оригинална научна книга.

Да си останев со средно, до сега ќе бев министер, а не магистер. Од пуста желба да се открие, проучи и презентира културното наследство на Република Македонија се решив на еден голем исчекор, после факултетот образованието да го продолжам надвор од државава. Бидејќи не постои опција за стипендија на археолози-истражувачи како секаде во светот, сите финансиски трошоци за мојата научна едукација и специјализација ги понесов самата.

Ќе ја земам за пример изработка на мојот магистерски труд, за кои беа потребни 2 години работа, секој ден по 8 часа. Да работев за тоа време било каде со просечна македонска плата, пресметајте колку потенцијално пари сум изгубила. Да не зборувам за додатни трошоци како што е одбраната која сама по себе ме чинеше 1000 евра. Бидејќи науката била моја лична желба и вложени се исклучиво само мој труд и финасии, резултатот е исто така само мој и останува на мене дали ќе го споделам. Не се трудам да ставам копирајт на она што дсега научно сум го открила, туку финансиски да го валоризирам. Едно е да се споделува знаење преку интернет, друго е да се споделува наука во кои се вложени време, пари и сопствен труд, бидејќи знаеме дека откритија во сферата на културното наследство секогаш го ‘придвижуваат’ светот. Во случајот како мојот, кој за жал не е осамен во сферата на археологијата,  се работи исклучиво за личен вложен труд, кој доколку сака истражувачот, би го споделил со светот!

Можеби ќе звучи егоистично, но се додека оваа држава не ги вреднува научниците како што е ред, нема да ги објавам моите научни археолошки отктитија до кои сум дошла со сопствено финансирање. А знаеме дека секое научно откритие само по себе е значајно. Во спротивно, никому ништо, многу ‘големи’ откритија кои биле финансирани од државата како Златната маска од Охрид или Адам од Говрлево, седат со децении по депоата на музеите низ Македонија без публикации. 🙂 А јас ќе пробам да си ветам дека отсега ќе работам само sustainable science, или што би се рекло, наука на работ на финансиската одржливост и економската исплатливост. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here