web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

PostHeaderIcon Палеолит (2) – седиментите во пештерите и промените на климата

Првото и најважното нешто во врска со пештерските седименти е нивното геохронолошко одредување кое компарирано со соодветно најдениот археолошки материјал може да помогне во детерминирање на истиот, ставајќи го во контекст на временска рамка. Во зависност од климатските, а и многу други биогени и абиогени услови, пештерите и поткарпите особено во праисторијата биле доста често населувани во подолг или пократок временски интервал. За да можеме да го разбереме однесувањето на древните човечки групи во минатото кои постојано биле во потрага на погодна локација за престој и чиишто живот бил условен од многу фактори, треба прво накратко да се осврнеме на геолошкото минато на Земјата.

Се проценува дека староста на Земјата изнесува околу 4,5 милијарда години. Во текот на нејзиното геолошко минато таа поминала низ неколку епохи. Сите периоди со исклучок на квартерот, траеле по повеќе милиони години, но сепак токму тој се јавува како најинтересен за археолозите.

Квартерот е најмладиот и најкраткиот геолошки период, чиишто почеток се совпаднал со појавата на човекот (околу 2,1 мил год. во Африка, културата Олдувај), но и современиот растителен и животински свет. Поделен е на две епохи со различна должина на траење: плеистоцен (помеѓу 1,87 мил. год. – 10 000 год. п.н.е.) и холоцен кој почнал пред околу 10 000 години, се уште трае и ја претставува нашата геолошка сегашност.

Моето работно место во Мујина печина,
пештера во близината на Трогир, Хрватска, 06.2003

Седименти наталожени во пештерите и поткарпите за време на квартерниот период, помеѓу другото можат да бидат еден од индикаторите за промената на температурата низ временските периоди. Се смета дека температурата предизвикана од циклично променливите надворешни услови одиграла голема улога во адаптација на човекот. Таа адаптација како и развојот на човекот може да се прати во седиментите истовремено наталожени со остатоците од неговите праисториските орудија.

Климата во квартетот ја карактеризирале доста чести осцилации, т.е. смена на топли и ладни климатски периоди. Класификацијата според ледените доба иако се уште се користи во научниот свет, полека почнува да се напушта бидејќи утврдено е дека не постоеле само четири ледени доба (Günz, Mindel, Riss, Würm) т.н. глацијали, и четири потопли периоди помеѓу нив т.н. интерглацијали, туку во текот на квартерот се смениле најмалку дваесеттина климатски циклуси (глацијал + интерглацијал). Како последица на климатските осцилации дошло до промена на физичко-географските услови што се одразило и врз карактеристиките на седиментите наталожени во глацијалните или периглацијалните области.

Продолжува …

Поврзани тесктови:

Палеолит (1) – зошто пештери и поткарпи?

3 Responses to “Палеолит (2) – седиментите во пештерите и промените на климата”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats