Home Археологија Е-прошетка низ римското Скопје

Е-прошетка низ римското Скопје

1,257 views
0

Некаде во периодот кога во срцето на Римската империја умираат градовите Помпеја и Херкуланеум, на спротивни краеви од царството ќе се создадат Londinium на север и Colonia Flavia Scupiorum на јужниот дел од империјата. За античкиот Лондиниум се знае доста многу, со оглед на истраженоста, но и публикуваните научни трудови кои пред еден месец беа искористени како заеднички проект на Музејот на град Лондон и TV CHANNEL HISTORY, за да развијат апликација за iPhone и за iPad. Оваа апликација замислена како ‘уличен музеј’ дава можност да се направи прошетка низ римскиот Лондон од пред 2000 години и да се спореди со тоа што останало од овој период во 21 век.

Рака на срце, римското Скупи и покрај напорите на моите колеги, некако тешко си го пробива своето место во електронскиот свет. Ископувањата на овој локалитет траат долго, а уште подолго трае процесирањето на илјадниците фрагменти кои треба научно да се обработат пред да бидат публикувани. Спремна сум да партиципирам во еден ваков проект, и покрај тоа што знам дека од идеја до реализација сака многу знаење и пред се, многу работа. Но ќе се радувам на првата апликација од овој тип (посебно за андроид телефоните), кои несомнено можат да придонесат за зголемена промоција на културното наследство на Македонија во светски рамки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here