Home Археологија Државата со закон ќе го уништи културното наследство на Македонија

Државата со закон ќе го уништи културното наследство на Македонија

3,805 views
8

Државата го усвои предлог-законот за третман на бесправно изградени објекти, поточно за легализација на дивоградби, со што веројатно ќе го нанесе најголемиот удар на културното наследство на Република Македонија. Познато е дека поголем број на археолошки локалитети се наоѓаат во рурална, но има прилично голем број и урбана околина низ градовите, од кои на повеќето се никнати дивоградби кои засекогаш уништиле некои древни градови. Според Археолошката карта на РМ (Том 2, издание на МАНУ, 1995) само на територијата на градот Скопје се регистрирани преку 150 локалитети, но во исто време регистрирани се и неколку големи тумори од дивоградби во Волково, Злокуќани, Припор итн … Ова особено се однесува на римскиот град Скупи, над кој лежат куќите на распашаната богата клиентела од Злокуќани, распослана на сите оние 40 хектари на кои се простирала нашата (и светската) богата историја.

Сакав да напишам подолг текст на оваа тема, но нема што тука повеќе да се должи. Со легализирање на дивоградбите кои се наоѓаат околу или пак директно во атарот на одреден археололошки локалитет, ќе загубиме огромен дел од културното наследство на Македонија вклучувајќи и некои големи градови од минатото како Скупи, Хераклеја, Лихнидос и многу други. Оваа влада вложи огромни пари за археолошки ископувања од кои после толку години не видовме ниту една публикација. Сега е на добар пат со законот за легализација на дивоградбите да погази се што воопшто досега вложила во археологијата.

Мојата работа како археолог се состои од тоа да се грижам за севкупното наследство, независно од кој период потекнува, бидејќи е дел од нашиот генетски код и му припаѓа на целиот свет. Арно ама, се додека не се смени Законот за културно наследство нема да се има успех. Овој закон е посебна приказна чиј историјат започнува со тоа што мора веќе еднашка да падне на Уставен суд. Бидејќи Закон за културно наследство заштитува се друго, освен она што треба, наследството на Република Македонија.

8 COMMENTS

  1. Очигледно подготвувачите на законот не консултирале никого, стар и познат проблем во Македонија. Од кабинет не се гледа многу… Жално е да се рече, ама кога народот не се потресе за многу работи кои подиректно го тангираат, за ова нема ни да бекне. и пак се враќаме на проблемот на образованието, и така натаму, се вртиме во круг.

  2. Браво моме. Само напред.Твојот археоблог докажува дека во Македонијава сеуште има умни луге,со вкус.Сајтот ти е супер… Супер пример за промоција на нашата национална култура и борба за зачувување на истата.
    Посакувам убав ден на тебе и сите што те читаат…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here