Дома Археологија Да се блогира за археологијата на академско ниво

Да се блогира за археологијата на академско ниво

3,516 views
0

Драги мои колеги,

да ви кажам дека ми е многу мило што некои од вас ве прегази технологијата, кога веќе не можеше системот во кој сте закржлавени како асматични болесници по институциите низ Македонија. Многу работи се случија од моментот кога почнав да блогирам под псевдоним, па се до денеска кога ќе го искуцате моето име на интернет и ќе добиете илјадници линкови до моите текстови и размисли.

Моето блогирањето за археологијата од страна на колегите на почетокот беше прифатено со огромна скепса, затоа што тоа значеше дека на површината ќе излезат многу проблеми со кои се соочува македонската археологија. Во меѓувреме, популарноста на Археоблог од година на година растеше и како ги архивирав на интернет информациите за се што се случуваше со културното наследство во Македонија, така се’ повеќе се зголемуваше и обемот на написите. Со текот на времето, ваквиот начин на архивирање ми овозможи да почнам да ги сублимирам написите тематски, а тоа пак од друга страна ми отвори можност да се појавам на неколку големи светски археолошки симпозиуми. И секако да публикувам научни текстови на релација археологија –> нови медиуми и покрај тоа што мојата субспецијалност во археологијата е праисторијата, а во нејзините рамки камените артефакти кои исто така ги обработувам и научно публикувам.

Блог-Археологија, создавање извори на знаење со отворен пристап

За англиската верзија на текстот кликни тука

Што значи да се блогира за археологијата, посебно ако сте професионалец од таа област?! Значи дека мора да внимавате што теми одбирате да ставите на сајтот/блогот/фејсбук/твитер, кои покрај тоа што се лични и ја интегрираат персоналната перспектива на третираната тема, остануваат за навек на интернет. Тогаш, како да изберам што да постирам на интернет од светот на културното наследство? Не постои правило што ќе споделите во виртуелниот свет. За да не се случат несакани последици од блогирањето за археологијата, секако дека археологот мора да застане позади своите зборови затоа што под дифолт се работи за јавно ангажиран стручњак чие мислење, идеи, коментари, интервјуа или научни текстови можат да имаат краткотрајни или долготрајни последици врз мислењето на луѓето. Но немаат сите храброст или знаење да застанат јавно позади своите ставови.

Неодамна неколку ‘професионални’ археолози се обидоа да дадат изјава во еден медиум во врска со проблематичната црква/музеј на Скопското кале, но притоа сакаа да останат анонимни!? Ова се случува поради фактот што повеќето од колегите по музеите само дремат и ништо не сработиле во животот освен што прават опструкции, и не можете од нив да очекувате да размислуваат со своја глава, заради тоа што место нив размислува политичка партија која ги вработила. Следствено на тоа и не треба да очекувате од истите да се појават јавно на интернет со свои размисли, затоа што блогоферата веројатно би ги расчеречила во најкаток можен рок.

Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Криејтив Комонс

Овој напис е всушност предизвикан од две работи: сесијата за блог археологија во рамките на последниот симпозиум на SAA и т.н. блог карневал на Колин Морган кој го следев континуирано речиси 5 недели. Таа поставуваше прашања, додека академската заедница на археолозите одговараше со текстови на своите блогови, сајтови или сметки на социјалните мрежи (примери 12, 3).

Да се блогира професионално за археологијата изискува не само когнитивни капацитети, ами и рециклажа на сите информации кои стигнуваат во форма на било каков метаподаток, а ја засегнуваат директно овааа наука. Но тоа е единствениот начин артефактите да се поместат од мемливите полици на музејските депоа и да стигнат до секој дом. Една од целите на Археоблог е споделување на информациите, отворен приод кон знаењето на интернет и создавање извори на знаење со отворен пристап.

http://twitter.com/#!/ArcheoWebby/status/54287710344577024

Македонската археологија се уште ја нема на интернет, оти за да постои виртуелно, треба претходно да постои и реално, во печатена форма. Зошто без публикации, не постои можност за (ре)интерпретација на тезите или артефактите, ниту научно ниту популарно. За воља на вистината, се уште сум единствениот македонски археолог кој активно пишува на интернет, и веројатно еден од ретките археолози на Балканот кој го прави тоа секојдневно, но пишувањето добива смисол ако се знае моето влијание во, и надвор од Македонија. Секоја година го подигнувам нивото на блогирање за едно скалило. Најверојатно тоа ќе се случи и оваа година, so stay tuned. 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име