Home Антропологија Награда за Археоблог како ‘Најдобар промотор на Македонија’ за 2010

Награда за Археоблог како ‘Најдобар промотор на Македонија’ за 2010

4,948 views
3

По хрватската награда, кога Археоблог бeше прогласен за еден од најдобрите и највлијателните eкс-Ју веб сајтови на Балканот за 2010 година, стигнува уште една награда која ми е исто така драга, како еден од најдобрите промотори на Македонија за изминатата година, што е всушност и една од главните цели на мојот сајт.

Годишната награда за “Најдобар промотор на Македонија” за 2010 година беше иницирана од проектот „Macedonia Loves You”, а организирана и поддржана од три официјални медиумски партнери (Нова Македонија, Капитал – бизнис магазин и телевизијата Канал 5). Наградата немаше натпреварувачки карактер, иако според гласовите на публиката, на првото место се најде порталот за туризам Travel2Macedonia.

 

Заедно со уште 27 луѓе (поединци, организации и фирми) јас бев номинирана за наградата ‘Најдобар промотор на Македонија’. Оваа годишна награда е едноставна замисла да им се оддаде признание на луѓето кои Македонија ја носат во своите срца и им пренесуваат на другите да се вљубат во неа. Наградата е воведена со цел да се препознаат постигнувањата на извонредните луѓе од различни професии, од целиот свет, кои имаат една заедничка цел: промоција на Македонија. Номинирани беа поединци (или група на луѓе) кои во 2010 година активно ја промовирале Република Македонија и државните интереси, без разлика на националноста, доменот на активност, полето и формата на промотивните активности. На пример: туризам, културни активности, социјални, економски, политички и др.

Главната церемонија се одржа на 16 Март 2011 година во Музејот на град Скопје во присуство на многу луѓе и медиуми. Сите учесници бевме победници и добивме почесна награда: специјален медал и титула “Најдобар промотор на Македонија”.

3 COMMENTS

  1. Честитки за тебе и сите други промотори! Ви посакувам уште многу награди и признанија во иднина 🙂

  2. Можеби е со малку закаснување, но прими ги моите честитки од се срце. Се сметам за една од многуте личности кој стварно знае дека со твојата работа, труд и страст, оваа награда стварно ја заслужуваш.
    Ти поскаувам и во иднина да нижиш вакви награди и успеси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here