Дома Антропологија Меѓународен фестивал на археолошкиот филм

Меѓународен фестивал на археолошкиот филм

2,240 views
0

Денеска во Белград почнува 12-от Меѓународен фестивал на археолошкиот филм, кој традиционално се одржува во Народниот музеј во Белград. Програма на ревијата за оваа година опфаќа вкупно 25 дела кои доаѓаат од 11 земји, а ќе бидат прикажани помеѓу 21. и 30. март. Фестивалот за прв пат е организиран во 1998 година, нема натпреварувачки карактер, и од самиот почеток бил замислен да се прикажат најновите достигнувања во продукцијата на документарниот филм. Белград е еден од ретките европски градови, чија културна заедница има можност да се запознае со најновите филмски остварувања во областа на археологијата и сродните дисциплини.

[youtube]dZkxfnNJEiI[/youtube]

Оваа Ревија (колу што мене ме држи помнењето) само еднашка беше донесена во Македонија, во 2003 година, и тоа најмногу благодарение на Гете институтот од Белград, како и Француските културни центари и Италијанските институти за култура кои работат во Србија и Македонија. Годинава за прв пат на овој фестивал ќе биде прикажан и документарец од македонско производство. Се работи за филмот ‘Mагично брдо’ на Петар Џуровски

[youtube]w_At3_GAE1o[/youtube]

Не гледам причина зошто ваков настан не би се организирал во Македонија, бидејќи може само да помогне да се продлабочи културната соработка со другите земји, а и ние самите имаме што да кажеме во доменот на документарниот археолошки филм. Во нашата државава фалат вакави настани кои се со научно-образовни содржини и од едукативен карактер, и со чија помош акцентот ќе се стави како на домашното, така и на светското културно наследство, имајќи ја археологијата како линк која ги поврзува останатите приказни во полето на палеонтологијата, историјата, етнологијата, уметноста, туризмот, комјутерските техники и тн. Зар постои режисер или автор кој не би сакал/а неговото дело да биде прикажано на некој интернационален фестивал?! 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име