web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



PostHeaderIcon Знаците на сите времиња и примената на невропсихологијата во археологијата

Македонските медиуми знаат да откачат вистински бисери од наслови, а последниот од таа редица беше дека ‘И пештерскиот човек се дрогирал‘. Причината за овој сосема неумесен превод е неодамнешното пронаоѓање на мурали во пештерата Selva Pascuala (Шпанија) кои се смета дека опишуваат еден религиозен ритуал, во кој исто така според цртежот е претпоставено дека биле употребувани печурки како халуциногени супстанции.

Intriguing: The Selva Pascuala mural has a bull in the centre, but researchers from America and Mexico are focusing on a row of 13 small mushroom-like objects

Intriguing: The Selva Pascuala mural has a bull in the centre, but researchers from America and Mexico are focusing on a row of 13 small mushroom-like objects

За повеќе прочитајте тука

Една мумијата откриена при археолошките ископувања во 2003 година во Кина, која датира од нивното бронзено доба, по пат на форензички испитувања е утврдено дека покрај себе имала едно ќесе полно со листови од билката марихуана. Според археолозите се работи за човек на возраст од 40-50 години кои тие го идентификувале како шаман, а растението како состојка која се користела при неговите ритуали. Мене ова ми звучи прилично логично, со оглед на социјалниот поредок во праисторијата кој по многу основи е најшпекулативниот дел од археолошката наука со оглед на отсуството на пишани информации.

Претпоставка е дека овие супстанци во тоа време биле прилично пожелни доколку шаманот сакал да ја унапреди својата заедница преку состојбата на поинаква свесност, која пак од друга страна се одразила при содавањето на светската (пред се карпеста) уметност и со текот на годините стана едно поле преку кое се објаснуваат одредени феномени во доцнопалеолитската уметност именувани како ентопти.

Шаманот е лице кое има комбинација на духовната моќ од нашиот матичен доктор, свештеник, волшебник и уметник, поет и психотерапевт. Преку транс или халуциногено искуството тој служи како врска помеѓу овој и духовниот свет. Теоријата која ги вклучува шаманите и ентоптите генерално се базира на неодамнешните студии на африканската карпеста уметност (племето Сан), но таа не може на пример да ја објасни сличноста помеѓу отпечатоците на раце во Европа и Австралија и нефигуративната уметност (т.н ентоптичка), која е базирана пред се на едноставни геометриски форми. Како основа за оваа теорија отсуствува најважното, етнографски записи со кои може да се направи обид да се докаже поврзаноста помеѓу шаманите и палеолитската уметност, допирајќи ја преку тоа нивната духовност и религијата, ако воопшто може да стане збор за религија во палеолитот.

Со оглед на тоа што поголемиот дел од оваа уметност (се мисли пред се на доцнопалеолитската, но тука спаѓаат и подоцнежните периоди) исполува комплексни социјални и уметнички карактеристики, се покажала потребата од нејзина интерпретација. А желбата за интерпретација на ова поле е прилично моќна и веќе еден век се кршат научните копја која од теориите ќе надвладее.

Кликни на сликата за подобра резолуција

Во летото 1988 година, во престижното списание Current Archaeology излезе написот ‘The signs of all times‘. Авторите David Lewis-Williams и Tomas Dowson предложија еден нов модел за интерптретација на оваа уметност, кој на почетокот беше примен со голема скепса. Сега веќе поголем дел од научниот свет се сложува со теоријата за примена на невропсихолошкиот модел во интерпретација на доцнопалеолитската уметност. Многу години пред да го публикува текстот, David Lewis-Williams професор по антропологија во Јоханесбург, го проучувал феноменот на ентоптите преку карпестите сликарии на племето Сан, и дали тие биле насликани при халуциногените дејствија и состојбата на поинаква свесност, и тој модел подоцна го применил за да го објасни создавањето, пред се, на уметноста во доцниот палеолит.

David Lewis-Williams и Tomas Dowson во 1988 г. ја публикуваат научната статија “Знаци на сите времиња” во која се предложува едно премостување преку невропсихолошкиот модел кој не носи наназад во времето на доцниот палеолит, и со кој можеме да добиеме увид во природата на потеклото на уметноста. Нашиот нервен систем не се има многу променето во изминатите 100.000 години. Ние се уште физички многу наликуваме на ловците-собирачи во периодот пред да настапи земјоделиeто на сцена. Во знаците на доцнопалеолитската уметност Луис-Вилијамс и Dowson гледаат ентоптички феномени многу слични на оние што се произведуваат од страна на луѓе во променети состојби на свеста и денеска. “Entoptic” е термин изведен од грчкиот јазик кој означува ‘во рамките на визијата’, што е форма настаната некаде во оптичкиот систем, вклучувајќи го и самото око и кортекс каде се толкуваат сигналите од оптичкиот нерв.

Постојат ентопти (форми) што може да бидат произведени од физичка стимулација (како на пример оние форми што ги гледаме кога ќе ги затвориме очите и нежно ги притисаме очните капаци), но и форми на ентопти кои се ‘константи’, и кои се произведуваат надвор од окото, сами од себе, во кората на мозокот. Авторите првенствено се фокусираат на вториве, иако не ја исклучуваат можноста терминот ентопти да се однесува и на првите. Тие, сепак, прават разлика помеѓу ентопти и халуцинации. Ентоптите се геометриски шеми чие потекло во нервниот систем се генерира само од себе, а халуцинациите се конкретни и можат да се утврдат и да се искусат со сите сетила, а не само визуелно.

Референца

The Signs of All Times: Entoptic Phenomena in Upper Palaeolithic Art
Williams JD, Dowson TA, et al. ; Current Anthropology, Vol. 29, No. 2 (Apr., 1988), pp. 201-245

Ентоптичките феномени се одлична подглога за истражувачите во Република Македонија, бидејќи се сретнуваат и кај карпестата уметност, но и во археолошкиот материјал. Но притоа мора да се биде внимателен, бидејќи иако е веќе доста широко прифатена и цитирана во науката, оваа теорија е нож со две острици. Сепак, за да ја толкувате и интерпретирате доцнопалеолитската или генерално предисториска уметност (фигуративна и нефигуративна), ќе ви биде потребно многу повеќе знаење отколу формите на самите ентопти и еден ред на насликани ‘халуциногени’ печурки.

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива