web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



PostHeaderIcon Низ Скопското Кале наместо културата, се прекрши политиката

Што се случува кога некој ‘експерт’ од областа на археологијата дава несоодветни изјави во јавноста? Ќе добиете културно наследство кое наместо низ призмата на науката ќе се прекрши низ политиката, притоа подбивајќи се саркастично со сите елементи при одбраната на идејата дека тоа му припаѓа на целиот свет, и надевајќи се дека за разлика од минатото кога војните се воделе во името на некој ‘Бог’, денеска науката во името на разумот победува над религијата. Но, како што можам да забележам, историјата на човештвото не еволуирала кој знае колку многу од светот на древните народи, каде во секое општество на изумирање, секоја позитивна мисла морала да се прекрши и да биде осакатена во политичката борба за превласт. Ви звучи познато, нели!

Дали е потребно да се коментираат настаните кои се случија со Скопското Кале во последните 2-3 недели?! Секако дека е потребно, инаку идните читатели на 21 век ќе бидат лишени од еден наративен концепт кој е расцепкан низ медиумите како камчиња од мозаик на некој археолошки локалитет.

Скопското Кале е споменик на културата од прв ранг и повеќеслоен археолошки локалитет кој беше сосема заборавен до март 2007 година, кога почнаа (според мене непотребни) интензивни археолошки ископувања. Според Законот за културно наследство наодите требаше веќе да бидат публикувани во март 2010 година, затоа што на тој начин  веќе се прекрши истиот тој закон. Археолозите може се вадат на фактите дека навистина е потребно многу време да се канализира толку многу ископан археолошки материјал, но во тој случај не ни требало да превземат толкави обемни ископувања, ако не се способни истите научно да ги процесираат. Но, непубликување на наодите од археолошките ископувања е болна точка на македонската археологија, и таа рана не се отвора јавно во медиумите, оти ќе има многу лоши правни последици по некои луѓе, кои се сметаат себе си за ванаби археолози, а никој за нив не чул подалеку од нивното село.

Законот за културно наследство, членот 59 (ставка 3) недвојбено укажува дека носителот на дозволата на археолошките истражувања е должен по завршувањето на работите:

1. Во рок од три месеци да поднесе до Управата извештај за извршените археолошки истражувања;
2. Во рок од една година на Управата да и ја предаде финалната документација од археолошките истражувања;
3. Во рок од три години да ги објави резултатите од археолошките истражувања и
4. Да ги предаде движните наоди на музејот определен во смисла на членот 61 ставови (1), (3) и (6) на овој закон.

За 4 години, на Скопското Кале се ископаа тони на археолошки материјал и огромен број на архитектонски структури од најразлични периоди, помеѓу кои и темели на една црква, несигурно датирана во 12-13 век. Претпоставувате, ништо од тоа се уште не е научно публикувано. Проблемот со Калето настана кога се одлучи врз темелите на една некогашна црква да се подигне структура за која во медиумите беше најавено дека ќе биде де реконструкција, де музеј, де сублимат од едното или другото, ама ако некоја виша сила посакала, тоа би можело да биде и атомска централа. И нормално, настана инцидент кој почна расно и верски да се акумулира во виртуалниот свет на фејсбук, а заврши со тепачка во реалниот свет под Скопското кале. Она што можевме до сега да го заклучиме од овој инцидент е, дека политичарите си прават тендери со културното наследство, а граѓаните кои го бранат истото, се враќаат дома со дупнати глави и кривични пријави.

Моја изјава за Алфа Тв во врска со забраната да се влегува на Скопското Кале

Градбата на спорниот објект е стопирана, а приодот кон Скопското кале после инцидентот со објектот црква/музеј е затворен од непознати причини. Калето претставува културен споменик и археолошки локалитет во чии културни слоеви е пресликана севкупната историја на градот Скопје, од 4 милениум п.н.е. па се до нашето совремие. Преку Калето најлесно, а воедно и најпластично може да им се долови минатото на Скопје на странците, на туристите и на сите други заинтересирани за древнините. Скопското Кале освен тоа што е археолошки локалитет, исто така е многу значаен дел од туристичката понуда на Скопје. Секоја пешачка тура низ Скопје почнува или завршува со Скопското Кале, кое заедно со стариот дел од градот познат како Старата чаршија, се двете најавтохтони и автентични локации кои говорат за развитокот на Скопје низ милениумите. Со забраната за влез на Калето се нанесува огромен удар врз угледот и идентитетиот на Скопје а и на нашата држава, затоа што реално на туристите кои не се нималку глупави, мора да им се објаснат политичките причини зошто не можат да ја посетат најатрактивната локацијата во Скопје и зошто има толку многу полиција наоколу како да не се работи за споменик на културата, ами за бункер.

Сметам дека е крајно време да се престане со политизација на културното наследство, бидејќи се претера во секоја мера, се преминаа најекстремните лимити и почна да станува невкусно да се даваат шарлатански и непрофесионални изјави во медиумите од експерти на кои им е задача да го обликуваат јавното мислење на граѓаните, затоа што археолозите под дифолт се јавно ангажирани стручњаци. Доста е, навистина е доста за некои луѓе за кои се чини дека нештата одат многу полесно со вистините, ама оние вистини кои важат во измислените светови, а не во реалниот свет на нашето драго Скопје.

2 Responses to “Низ Скопското Кале наместо културата, се прекрши политиката”

  • Zlatko Crvenkovski says:

    Точно,
    Тука е само политика во прашање.
    Но се прашувам дали е ситна или крупна конспиративна политика во прашање кога ги гледам учесниците на збиднувањата.
    И повторно прашањето во чии интерес.
    Ако се поврзат неколку работи:
    -Црква музеј во секуларна држава, во општина која има (доминантно муслиманско население)
    -Откажување од пред неполн месец на неколку европски држави од определбата за секуларизација, проект за кој во тие земји се потрошија многу пари.
    -Македонија како најмала колатерална штета да се покаже дека секуларизацијата е лош пример на постоењето на секуларни држави.
    Можеби не сум во право, но дел од учесниците во тие настани ме иритираат и ме наведуваат на ова мое размислување.
    Поздрав
    Златко

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива