Дома Историја Бесплатен разглед на градот Скопје на 21 февруари

Бесплатен разглед на градот Скопје на 21 февруари

1,810 views
0

Доколку не сте знаеле, 21 февруари е прогласен за интернационален ден на туристичките водичи. На овој ден ширум светот се организираат голем број на настани, а од оваа година ќе се приклучат и професионалните водичи со лиценца во Република Македонија.

Испратен е циркуларен мејл како известување до сите медиуми, за активноста која што ЗТВМ ќе ја превземе на овој ден. Исто така настаните нема да се ограничат само на Скопје, туку слични активности ќе се случат во Прилеп и во Охрид.

Почитувани,

Здружението на туристички водичи на Македонија во рамките на своите активности го одбележува денот на светските водичи 21 февруари.

Се планира бесплатен разглед на градот Скопје, односно посета на манастирот Свети Пантелејмон и локалитетот брана Матка.

Овој бесплатен разглед ке биде реализиран за учениците на Центарот за рехабилитација и образование Свети Климент – Скопје.

Ве покануваме на оваа манифестација заедно да го прославиме денот на Водичите.

Јас ќе бидам еден од водичите и ги поканувам сите медиуми да присуствуваат на еден мошне необичен и интересен настан каде најголемото внимание ќе биде посветено на младите луѓе со посебни потреби, кои се надевам ќе научат нешто повеќе за историјатот на Скопје и неговата околина. Настанот е закажан да почне во 9ч на 21 февруари, пред Центарот за рехабилитација и образование Свети Климент во Скопје.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име