Дома Археологија Новости – Летни археолошки школи во Република Македонија

Новости – Летни археолошки школи во Република Македонија

1,505 views
0

Во последните неколку години македонската археологија почна да се отвора кон светот. Иако сме се уште заробени во мноштвото на неспособни ‘експерти’ вработени по музеите кои со години ископуваат локалитети, а ништо не публикуваат, сепак технолошкиот напредок си го стори своето. Sharing is caring for the common cultural heritage, so I give my support about the following topic.

До сега, за 2011 година во Република Македонија најавени се неколку археолошки летни школи на локалитетите Хераклеја Линкестис, Стоби, Виничко Кале и Марково Крувче. Во рамките на овие истражувања планирани се и ќе се одржат најразлични обуки почнувајќи од методологија, предавање на специјалисти по одредени периоди, работилници од секaков тип, па се до забава на партиципантите и прошетки низ нашата држава. Уловите за секоја школа се различни, па сите заинтересирани би требало да ги контактираат координаторите на овие проекти.

[youtube]Xwcf3yq4TFg[/youtube]

Симпатичен видео клип со партиципаните во
археолошката летна школа HERACLEA LYNCESTIS 2010

Сметам дека вакви летни школи би требало да ги има што е можно повеќе во Mакедонија. Всушност, со оглед на наследството кое го имаме, комотно би можеле да живееме од ‘изнајмување’ локалитети на летни (а може и зимски и пролетни и есенски) школи. Но се зависи кој за што го бива во археологијата, бидејќи капитализмот има само една цел – пари и заработка од добрата. За жал кај нас се уште не се обрнува внимание на културниот ресурсен менаџмент, кој во светот постои како субспецијалистичка специјализација на луѓе кои исклучиво работат маркетинг и менаџирање на локалитети, институции, ископувања, музеи, изложби и сл..

Направив обид со еден клик да ги промовирам овие случувања, со тоа што линковите за летните школи ќе стигнат да околу 50 000 кои ќе бидат исвестени за новостите кои се случуваат со нашето културно наследство. Секој обид за опструкција од било кој вид ќе го сметам како удар врз науката и геноцид врз нашето културно богатство. Државата, институциите и локалната самоуправа би требало да излезат со огромна поддршка за ваквите проекти, оти ова е еден од најстабилните начини да се ставиме на мапата на светот, а бенефитот е огромен, и научно и финансиски гледано – исплатлив.

Им посакувам успех на колегите со летните археолошки школи. Некои од нив сигурно и лично ќе ги посетам. 😉

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име