Home Лично Среќна Нова 2011

Среќна Нова 2011

1,973 views
1

Драги мои пријатели, читатели, колеги, блогери, роднини и попатни минувачи низ мојот блог/сајт. Оставам зад себе уште една успешна година и на приватен и на професионален план. Притоа сакам да се заблагодарам на многу луѓе кои ми помогнаа во напорите да го преместам моето делување од дигиталниот во реалниот свет, како и оние кои ми дадоа поддршка на било каков друг начин.

Се надевам дека ќе се дружиме и понатаму. Ви благодарам на сите кои ме читавте и коментиравте. Драго ми е ако едни од други научивме уште по нешто ново, кое не сме го знаеле претходно. На сите ви посакувам следнава година да имате илјадници причини за насмевка, а ниту една за тага. Ви посакувам да ги искористите сите можности кои ви ги дава животот, да бидете посреќни, подобри во секој поглед, помудри, повредни и покорисни. Да давате и да примате многу Љубов, Мудрост, Добрина, Радост и Сочувство.

Но најмногу од се ви посакувам да имате добро здравје и засекогаш да бидете свесни за квалитетите кои ги поседувате. Почитувајте го светот време на Земјата и искористете го мудро. Иако се уште не е Божиќ, сепак нека биде Христос во вашите срца, а мир и спокојство со вас каде и да сте.

Срдечно

Димитровска Василка

Среќна Нова 2011

Shostakovich – Second Walt

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here