Home Археологија Археоблог e прогласен за еден од најдобрите eкс-Ју веб сајтови на хрватските...

Археоблог e прогласен за еден од најдобрите eкс-Ју веб сајтови на хрватските VIDI награди

10,389 views
9

Мојот сајт насловен како Археолошки дневник vol.2.1/2 или Археоблог, избран е како еден од 10те најдобри сајтови за 2010 во категоријата „najbolji web od Ex U” на хрватските VIDI Top 100 награди. Се работи за националните хрватски награди кои се одржуваат веќе 12та година, а се доделуваат на најдоброто од информатичката технологија во изминатата година. Ова е прва година во која е вклучена категоријата екс-Ју за веб проекти од поранешните југословенски земји.

Од 51 номиниран сајт од сите екс југословенските држави, избрани се десет, од кои четири се од Македонија, вклучително со првото место за кое отиде кај македонскиот портал IT.com.mk кој според VIDI е највлијателниoт македонски медиум кој пишува за новите технологии и ги застапува интересите како на корисниците, така и на сите потрошувачи, користејќи техника на истражувачко новинарство во комбинација со мобилизирање на ИТ заедницата соберена преку форум и друштвените медиуми“.

Видео од презентирање на наградите за ‘najbolji web od Ex U

Според жирито на оваа награда:

U kategoriji Top10 exU se u VIDIjevom izboru za prvi put uvodi mogućnost za izbor sajtova iz regije, izvan Hrvatske. Time se omogućuje uspoređivanje stupnja razvoja komunikacije preko interneta i poboljšava upoznavanje između suvremenih situacija. Većina prijavljenih stranica odražava i neke od aktualnih tema u sredinama kojima se obraćaju. Ove se godine prijavila 51 stranica iz svih zemalja bivše Jugoslavije i 10 izabranih predstavljaju samo vrh ledenog brijega, za koji se žiri nada da će rasti i kvantitativno i kvalitativno.

Ова е крај на годината, и како и секоја друга година се доделуваат интернет награди за сите оние кои придонеле нешто да се промени во IT културата, во својата земја или пошироко. Во моментов сум исто така во конкуренција за најдобар промотор на Македонија, во мртва трка каде всушност номинираните с(м)е однапред победници, оти воопшто не е важно кој ќе биде прв. Сите промотори генерално делиме иста љубов кон Македонија и страста да ги презентираме нејзините природни и културни особености.

Благодарност до порталот VIDI.hr за наградата. Им благодарам исто така на сите читатели, пријатели, колеги и љубители на археологијата и културното наследство кои ме подржуваат сите овие години. Како на бисер ѓердани, се нижат интернет награди. But show must go on! 🙂

9 COMMENTS

  1. ЧЕСТИТКИ!!!! Многу ме израдува информацијава иако со задоцнување ја гледам. Прекрасен новогодишен подарок, а?
    поздрав.
    Горан

    • Благодарам Горан,

      наградата стигна на крајот од годината, тамам како новогодишна честитка и една потврда за напорите кои ги вложувам во заштита и промоција на нашето наследство на интернет но и во реалниот свет. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here