Home Културно наследство National Geographic Traveler Magazine – Western Balkans

National Geographic Traveler Magazine – Western Balkans

3,498 views
1

Минатата недела бев поканета да бидам дел од една работилница за развој на туризмот, каде помеѓу неколкуте говорници веројатно најголем интерес предизвика Џејмс Дион (James Dion), соработник во Одделот за мапи при National Geographic, кој има работено и како Помошник директор на Центарот за одржливи дестинации при National Geographic Society (NGS). Интересеот на NGS за Балканот како една од повозбудливите туристички дестинации е неоспорен и тие се обидуваат на повеќе начини да ги поттикнат сите субјекти во овие држави, преку проекти кои би ја направиле оваа сфера економски оддржлива гранка во рамките на локалниот туризам. Притоа, тие нудат и едуцираат преку различни методологии кои може да се искористат за да се обезбеди долгорочната исплатливост на туристичкиот пазар во Македонија, секако ако има интерес од страна на оние кои треба да го развиваат истиот.

Превземи фајл – 3,17 MB

Во еден момент г-днот Дион го покажа специјалниот број на списанието Национална Географија (National Geographic), посветено на Балканот, каде на насловната страна се наоѓа Св. Јован Канео во Охрид. Се работи всушност за еден колаборативен проект на USAID и една од филијалите на NG – National Geographic Traveler Magazine, а целта е туристичка промоција на земјите од т.н. Западен Балкан, именување кое содржи повеќе политички, отколку географски мотиви при опис на овој регион. Човекот носеше само еден примерок како урнек за да илустира дел од својата презентација, а ова списание за кое сите присутни изразија желба да го имаат, кај нас не се продава. Како што дал господ да имам оштар јазик, ама и брзи раце, после бајаги гуглање го пронајдов на интернет и го споделувам како пример за инкаминг туризам, оти ако веќе учиме, умно е да копираме од најдобрите.

National Geographic Traveler Magazine – Western Balkans

View more documents from Vasilka Dimitrovska.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here