Дома Археологија Зошто да појдете до музеите низ Македонија и да ги видите поставките

Зошто да појдете до музеите низ Македонија и да ги видите поставките

2,206 views
0

Во последно време почна да се менува пејсажот за информациите околу македонската археологија и културното наследство на интернет. Се уште не постои било какво списание каде што ќе се прочитаат најновите достигнувања, истражувања и публикувања од областа на археологијата во Македонија, со исклучок на МАВ (Македонски археолошки весник). Сепак, целта на ова списание е да ги презентира, афирмира и промовира позначајните наоди откриени на различни археолошки ископувања низ Република Македонија, без притоа подлабоко научно да ги елаборира локалитетите и артефактите. Исто така треба да се споменат спорадичните и неперманентни зборници на локалните музеи, како и МАА. Но МАА се публикува исклучиво како затворена целина од симпозиумот на македонските археолози кој се одржува еднашка на две години и тука нема апдејт на текстовите. Во недостаток на беседник како зборник на научни трудови, извештаи од ископувања или научна интерпретација на одредени наоди, читателите заинтересирани за археологијата сублимираните информации за некои од под дисциплините можеа/ат да ги најдат на неколку места

–   дневни весници
–   специјализирани весници (Порта 3, Премин, … )
–   проекти (ЦДНН, Растко Македонија …)
–   блогови
–   списанија (Македонско наследство, Културен живот, Патримониум)

Потребата научно да се изразат, но без поголем успех во јавноста поради отсуство на стручни списанија, не го подразбира и елементот дека археолозите воопшто не работат.  Сите музеи кои потпаднаа под локалната самоуправа последните година дена во голема мера беа преуредени со делумно освежување на поставките, со пропратни каталози, а се забележува и пораст на веб страниците каде самите музеи се претставуваат во најдобро светло. Тука би можела да ги вбројам сајтовите на Музеј и Завод Прилеп, Музеј и Завод Битола, како и Музеј ‘Теракота’ во Виница каде посетителите можат да ги видат оригиналните и светски познати теракотни релјефи именувани како Винички икони.

Шифрата на еден етнос е запишана во сите ракотворенија кои тој ги оставил за себе. Артефакт е се’ што е man made. Направен рачно или со калап, секој предмет носи уметнички белег на ракотворецот каде се пресликала неговата материјална култура и духовна имагинација и претставува всушност уникат. И покрај тоа што се’ се повеќе присутни во дигиталниот свет, сепак би препорачала дека вистинското доживување на артефактите е во поставките на музеите.

Јас лично многу ги сакам музите. И предметите кои се перманетно или привремено дел од нив. Отсекогаш сум сметала дека музејот придонесува за една поинаква едукација, најмногу заради тоа што се создава еден посебен филинг помеѓу посетителот и предметите. Постои некои необјаснив феномен на нашите доживувања при посетата на некој музеј. Не знам дали се должи тоа на естетската вредност на некои предмети, која како категорија е лична и субјективна или на нивната ‘магиска вредност’ да не опчинат со опојни приказни од далени години. Но постои едно интересно чувство кое мене ме држи додека сум во музејот, а и неколку дена потоа.

Освен Музеј на Македонија во Скопје, сите останати музеи (и заводи) низ Македонија според новиот закон потпаднаа по локалната самопурава. Таа е субјектот кој треба да менаџира со културните и археолошките ресусри на својата територија, оти мораат сами да го направат маркетингот доколку сакаат посетители. Од друга страна, зошто пак вие самите треба да појдете до музеите низ Македонија и да ги видите поставките? За дознаете повеќе …

За оние кои умреле
и кои ќе дојдат.
За сегашноста
која треба да понесе
порака за иднината.

Слушни го каменот и оловото
види ги сјајот и бедата
на безимените духови,
успони и падови
од минатите цивилизации.

Ако било кога си помислил дека археологијата е само приказна, сега е шансата да се увериш во спротивното. Но јас нема да бидам таму за да те поведам на прошетка низ лавиринтите на твоето минато. Јас не треба да постојам и да ти се допаѓам. Јас сум само едно богато искуство низ кое си поминал читајќи го овој сајт.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име