web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs

Blog in english

Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community

PostHeaderIcon Резиме од турата за Отоманските споменици во Скопје

Колкава е моќта на социјалните медиуми? Би рекла огромна, судејќи според она што (ми) се случи вчера на 14.11.2010 година на Бесплатниот раглед на Скопје низ спомениците од отоманскиот период. Интересот на медиумите и повеќе од 200 луѓе ги надминаа сите мои очекувања. Но да почнам отпочеток.

На платото пред Куршумли Ан каде објаснувам
за Скопското кулие

Од 2006 година еднашка до два пати годишно правам бесплатни тури низ Скопје. Исклучиво ги промовирам на социјалните мрежи, евентуално на сајтот и блогот, и ги реализирам без поддршка на медиуми, институција, фирма или не дај боже политичка партија. Ова најмногу се должи на мојата почит кон културното наследство, љубовта кон мојот роден град Скопје и секако на некој начин тоа е мој поклон до сите оние луѓе кои ме читаат, ми пишуваат и ме поддржуват на интернет сите овие години.

Турбето во Исхак Беј (Алаџа) џамија
фотографијата е сопственост на ©Јане Стојаноски

БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ е мој личен проект кој го замислив како увод во претстојниот празник на верниците од исламска вероисповест, Курбан Бајрам кој годинава паѓа на 16. Ноември. Итинерарот ги опфати следните споменици: Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија, стар дел од градот (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија и Отоманскиот период на Скопско Кале.

Културно-историските споменици од отоманскиот период се сите оние архитектонски објекти кои се изградиле од моментот на доаѓањето на Турците во Македонија, во јануари 1391 година, па се до Балканските војни и о(п)станале до ден денска во автентична или реконструирана форма. Изминатите години работејќи и како археолог и како туристички водич имав чувство дека овие монументи се некако запоставени, а ова објективно запазување е потврдено со тоа што за прв пат од оваа година започнуваат и да се изучуваат на факултетот по археологија во Скопје, по предметот ‘Отоманска археологија’.

Пред Чифте Амам
фотографијата е сопственост на ©Томе Маневски

На бесплатните тури од овој тип кои досега сум ги правела, вообичаено доаѓаат околу 30-40 луѓе. Иако сум водела најпрофесионално и закажани тури на кои се појавиле само 10 луѓе. Го преценив моментот мислејќи дека турата ќе има мала посетеност, поточно би кажала дека го потценив интересот на граѓаните за сопственото културно наследство кое очигледно со несмален интензитет е задржано до ден денеска. Но ниту во сон не претпоставував дека на турата ќе се појават повеќе од 200 луѓе кои сакаат да ги видат спомениците од периодот на вледеењето на Турците, еден од подолгите историски периоди на територијата на Република Македонија.

Поглед од Гази Иса Беј џамијата (1475-76) кон Султан Муратовата џамија (со саат кулата)

Кога се наоѓате пред ваков предивик, првото нешто на кое помислувате е како да се контролира целата ситуација. Бидејќи сте водич и домаќин, па следствено на тоа вие сте лицето кое во тој момент е згрижено за присуство на туристите од секаков аспект. Според правните норми (но од лично искуство и физичките предизвици), еден водич реално би можел да води група до 50 луѓе. Според законот за туризам, на една таква група треба да и се додели не само еден водич, ами и придружник. Што значи, за да може да се ‘контролира’ група од 200 луѓе во поглед на безбедноста кои притоа треба да ги добијат и сите информации за спомениците, неа би требало да ја водат 4 водичи и уште најмалку четири други лица кои имаат официјална легитимација за туристички придружник.

Луѓето постојано (у)плаќаат пари за тури за да прошетаат по светот, но не си ја знаат сопствената земја и наследство. Да не зборувам дека пре би отишле во Истанул (не дека нема што да се види таму!), ама никогаш нема да им текне да појдат сами во некоја наша џамија и да ја посетат, чисто од аспект како културно-историски споменик, а не како религиозен објект. Затоа сум посебно горда на фактот што 99% од посетителите на оваа тура никогаш не влегле во сакрален објект како џамија, а не смее да заборавиме и тоа дека постојат џамии како Султан Муратовата кои се директно царски задужбини, што е реткост на Балканот.

Во тремот на Султан Муратовата Џамија (1436/37)
фотографијата е сопственост на ©Томе Маневски

Судајќи по коментарите кои ги добивам на моите сметки на фејсбук и твитер, луѓето одлично си поминале, се забавувале, нешто ново научиле и за прв пат се почувствувале како туристи во сопствениот град (ова посебно важи за Скопјаните). Благодарејќи на тоа што сум археолог и постојано комуницирам со сите колеги кои ме апдејтуваат со податоци (особено оние кои го истражуваат овој период), посетителите можеа да добијат мапи и информации кои не би можеле да ги видат или прочитаат на некое друго место. Турата малку беше напорна да се издржи, не толку поради концентрацијата на историски-споменици, туку поради тоа што на секој посетител (кои се организираа самите по групи) мораше да му се објасни во секој објект што гледа и каква е неговата убавина од архитектонски и уметнички аспект. А во џамиите тоа го правев/повторував и по неколку апти, оти кај се видело до сега група од 200 луѓе одеднаш да влезе во Султан Муратовата или Гази Иса Беј џамијата. :)

Објаснувам за отоманските споменици со помош на мапите
фотографијата е сопственост на ©Сашка Богдановска

Им благодарам на сите кои беа дел од овој настан. Културата на посетителите, нивната стрпливост додека објаснував и почитта кон сопственото културно наследство, ја издигна турата на едно високо ниво кое македонските туристи би требало да го задржат постојано, каде и да патуваат. Им благодарам на порталите Панорама и Travel2Macedonia, кои ја пренесоа веста на своите сајтовите. На крајот од турата на присутните им подарив мапи на Скопје со опис на спомениците на англиски, еден мини проект кој го правев за туристичката агенција ‘Савана’ во рамките на нивната брендирана incoming програма насловена како ‘Macedonia Vision‘ Исто така заблагодарувам на Ракија барот ‘Калдрма‘ во Старата чаршија каде се одржа мала дегустрација на вината од винаријата ‘Картал’, кои исто така беа спонзори на овој настан. Веројатно ќе ja повторам оваа тура, но дури следната година од март натаму, заради моите обврски, а најмногу заради временските услови. Во меѓувреме ќе ја цитирам госпоѓата Hermina Djordjevic која мошне поетски го долови она што се случуваше на прошетката по отоманските културно-историски споменици на Скопје.

Заклучок

Турата, како и секоја моја друга тура беше промовирана и споделувана исклучиво само на интернет (facebook, twitter, сајтот и блогот), поточно на социјалните мрежи/медиуми. За разлика од претходните години, овој пат направив исклучок и за кратко се појавив во утринската програма на Алфа телевизија, за што им благодарам на поканата. Моето гостување придонесе оваа телевизија да испрати своја екипа која снимаше видео материјал додека траеше прошетката низ отоманските споменици.

Да не бидам скромна, не ме личи, но она што јас го правам сама, многу луѓе кои завршиле менаџмент и маркетинг во најдобрите школи, не би можеле да го направат без некоја поддршка. Меѓутоа, да бидеш блогер, и да ја поминеш машината за мелење на живо месо (позната како блогерај) е огромна предност во животот. Што би рекла една моја пријателка, да ја цитирам : ‘на добриот блогер му чуе за PR :) ‘, од причина што ако некој блогер станал познат, автоматски значи дека самиот научил како да си го одработи сопствениот PR. So that’s why new/social media rule! Love’em. :)

Фасадата на Гази Иса Беј џамијата во Скопје

p.s. Не можев да фотографирам, затоа што ја водев турата и затоа што би било крајно непрофесионално од моја страна да го правев тоа. Затоа ги замолувам присутните на оваа прошетка да бидат љубезни и на некој од моите контакти да ми испратат свои фотографии да можам да ги зачувам за спомен. :)

20 Responses to “Резиме од турата за Отоманските споменици во Скопје”

  • Ели says:

    Драга Васе, голема благодарност за иницијативата и реализацијата на оваа несекојдневна тура – беше навистина прекрасно.. ми отвори апетит и за други истражувања на земјата ни убава. :) Секоја ти чест на професионалноста и организацијата, едвај чекам следна прошетка :)

    • Археоблог says:

      Драга Ели, благодарам штоприсуствуваше на овој настан кој сметам дека е нешто посебно и до сега невидено за градот Скопје. Како го замислив, така се одвиваше, а за организацијата им заблагодарувам на едни луѓе кои поради своите принципи во животот повеќе од 10 години вложуваа во мене, моето знаење, талентот и пред се професионалноста во туризмот. Претпоставувам дека ќе правам и други тури, но бидејќи доаѓаат ладни месеци, најверојатно тоа ќе се случи дури напролет. Секогаш си добредојдена на моите прошетки, јавни или приватни. :)

  • Serif Ajradinoski says:

    Pocituvana Vasilka. Najprvin dozvolete mi da go izrazam moeto zalenje sto ne bev vo moznost da bidam del od ova Vasa ideja i realizacija.Veruvam deka sekoj sto bese tamu videl i doznal nesto sto do sega ne go znael iako seto toa neizmerno kulturno nasledstvo ni e pred oci.Bi Ve zamolil da mi ispratite nesto od snimkite (so Vas komentar ) na ovie nasi kukturno-istoriski spomenici.
    So pocit
    Serif.

    • Археоблог says:

      Почитуван Шериф,

      немојте да жалите, ќе има и дуги тури, со мене или можеби со некои од моите колеги. Снимките на оваа тура ги правеше Алфа Тв, но не знам кога ќе бидат намонтирани и пуштени во нивната програма. Се надевам дека ќе отстапат дел од материјалот за да се подигне на интернет. Впрочем тоа е и во нивна корист.

  • batadjango says:

    ај, да не пишувам на сите фотки:
    За успомен и дуго сечање! :) :)
    http://s782.photobucket.com/albums/yy101/batadjango11/osmanliski-spomenici-vo-skopje/

    • Археоблог says:

      Batadjango,

      пријатно си ме изненадил со присуството на турата, а сега сум уште повеќе задоволна кога ги гледам твоите прекрасни фотографии. Нека остане тука линкот за споделување, можеби некој друг ќе посака да види како течела турата и какво било доживувањето на луѓето.

      Поздрав и секое добро :)

  • шириш силна и правилна јавна свест!
    одлична работа си завршила!
    се надевам дека во некоја наредна тура, и јас ќе бидам присутен!
    секоја чест!
    поздрав… :)

    • Археоблог says:

      Prezviterkozma,

      благодарам за комплиментите. се надевам дека еден ден и јас ќе имам шанса да те угостам во мојот роден град како што ти го стори во твојот, на една прошетка низ нашето заедничко богато културно-историско минато. :)

  • Cambridge says:

    Blagodaram za prekrasniot den.
    Ottomanskata arhitektura & istoria se neraskinliv del od nasheto ziveenje i blagodareki im na vashata nesebichnost, behe doblizena do mnogu luge vchera.
    So pochit, Cambridge

    • Археоблог says:

      Благодарам и на вашето присуство Cambridge. Се гледаме во некоја следна прилика каде повторно би нашле начин да уживаме во нашето богато културно наследство.

  • Никола says:

    Голем љубител сум на вакви тури и отсекогаш сум го мислел и велел она што ти го пропагираш, дека одиме секаде и плаќаме пари за да видиме не знам што, а своето не си го знаеме. И страшно те почитувам и поддржувам заради ова што го правиш. Како доказ за ова е моето присуство меѓу десетината на онаа тура по Кале, негде пред да почнат да го копаат, од која стои слика горе десно на странава. Се сеќавам, не многу пред тоа почнав да го користам фб и случајно дознав за турата, па потоа ги убедив некако и другарите да одиме, па така можам да речам дека ние ја направивме „гужвата“ таму :)
    На прошетката во неделата не можев да присуствувам, па сакам да прашам кога и каде можеме да го погледнеме барем видео записот од камерата на алфа тв?

    Благодарам однапред

    • Археоблог says:

      Здраво Никола,

      судејќи по напишаното одамна ги следиш моите активности и си бил дел од нив. А овој пат навистина многу си пропуштил. :)

      Како што веќе одговорив на еден читател погоре, не сум сигурна кога треба Алфа Тв да го емитува овој прилог и дали ќе биде целосен, или пак тие секвенците ќе ги употребат за некои свои намени. Ќе се потрудам барем некако да стигнам до дел материјалот, секеко, доколку е расположив за споделување. :)

  • Vladimir Ivanovski says:

    Vasilka pred se da ti zablagodaram za turata koja ni ja priredi. Navistina site bevme preoduseveni od toa sto go vidovme i bar za nesto poveke go zapoznavme i zasakavme nasiot grad. Ovoj del od Skopje e za zal tabu tema megju nas makedoncite i tokmu zatoa tvoevo prosvetluvanje na nas e blagodarna rabota. Se nadevam i ti preporacuvam skoro da organiziras uste edna ista tura bidjki interesot e se pogolem i mnogumina mi zamerija sto ne sum gi povikal da dojdat.

    Inaku jas sum deckoto koj slikase postojano naokolu i cij aparat bese edinstveniot sto ti ja remetese tisinata dodeka zboruvase. Slikite seuste gi nemam otvoreno poradi obvrski denovive, no ke gledam da ti gi pratam na meil ili na fb. Pozdrav!

    • Археоблог says:

      Благодарам Владимир за коментарот. Правам што можам, колку е во моја моќ, за културното налседство на Македонија кое потекнува од многу различни периоди. Ако го прегледаш мојот сајт, ќе забележиш во категоријата ‘Отомански период’ дека јас доста често пишувам за овие споменици. И се некако се на маргините од интересот, токму така како што веќе наведе, поради некои ‘наши’ табуа.

      Драго ми е што си присуствувал една несекојдневна тура запознавајќи го нашето богато наследство. Ќе ти бидам благодарна ако ми испратиш фотографии да ми останат за спомен, како посетителите тој ден го видоа и доживејаа Скопје.

      Поздрав :)

  • ROZA says:

    NA SLEDNATA TURA VO MART KE DONESAM USTE DVESTA LUGE!HA,HA, HA……

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива