web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

PostHeaderIcon Публикации – Прилог кон вреднувањето на неолитскиот литички материјал

Помеѓу публикуваните текстови во најновата MAA бр. 19 се наоѓа и мојот научен труд ‘Прилог кон вреднувањето на неолитскиот литички материјал‘. Пред да дадам информациија за самиот текст, би сакала да објаснам за збрката која се случи околу моите настапи на МАНД.

Како резултат на секој симпозиум на МАНД кој се организира еднашка на две години, презентираните текстови подоцна збирно се публикуваат во една книга/зборник насловена како MAA (Macedoniae acta archaeologica). Што значи, секоја МАА претставува збир на текстови од презентациите во рамките на еден претходно одржан симпозиум. Текстот за неолитската литика всушност го презентирав на симпозиумот на МАНД во 2004 година во Гевгелија и тој оригинално требаше да биде публикуван во претходниот зборник бр. 18 . Ама ете, како и секогаш се случуваат ‘непредвидени’ омашки, па наместо во претходната, беше публикуван во оваа Acta. Но сега настана уште поголема забуна како ќе се публикуваат останатите мои текстови кога веќе еднаш е направен пропуст. Следната МАА ќе ги содржи текстовите од симпозиумот од 2008 година во Кичево, па 2 мои текста од 2006 година од симпозиумот во Делчево кои се уште не се публикувани, останува да лебдат во водухот како во twilight zone. Да се надеваме дека редакцијата на МАА ќе смогне сили да го надмине овој пропуст во иднина со соодветно решение.

Официјална страница на МАА

Како некој кој од студент се занимава со литика, стручно именување за камени артефакти во рамките на археологијата, уште во далечната 2003/2004 година сакав на колегите кои се бават генерално со предисторија да им ја укажам потребата од собирање и документирање на целиот камен репертоар од еден археолошки локалитет. Бидејќи до тогаш се евидентираше само одреден селектиран материјал кој по изглед и форма му се допаднал на истражувачот. Токму поради таквите недостатоци (кои за жал се се’ уште присутни во нашата археологија), како и недостатоците во методологијата на археолошките ископувања, во македонската археологија се јавуваат многу дупки. Една од таквите црни петна е и непубликувањето и занемарувањето на камениот материјал од локалитетите. Камените артефакти врз кои се темелат првите неколку предисториски периоди во светот кои со себе во името го носат суфиксот литос (палеолит/мезолит/неолит/енеолит), како да не постојат на терен, воопшто не им се обрнува внимание и многу ретко се сретнуваат во извештаите од теренските ископувања.

A contribution to the meaning of the neolithic lithic material

Текстот има намера да укаже на значењето на камениот материјал од неолитските локалитети како еден од начините да се добие комплетна слика за хоризонталната и вертикалната дистрибуција на артефактите во рамките на неговото истражување. Само со интердисциплинарен пристап кој ги опфаќа типологијата, технологијата, детерминацијата на суровинскиот материјал, функционалната анализа и експерименталната археологија можно е да се реконструира дел од економијата на древните предисториски заедници (конкретно во овој случај од неолитот, но и од другите предисториски периоди) кои живееле на територијата на Македонија како и нивно доведување во археолошки контекст со исти такви индустрии на Балканот и пошироко. На камените алатки кои ги има во огромни количини на предисториските локалитети не им е обрнато посебно внимание и досега не биле објект на понатамошни истражувања, а некои периоди како Неолитот или Младото ‘Камено‘ време во македонската археологија барем досега претежно се идентификуваат со керамичката продукција.

А според некои мои колеги ‘There is no lithis in NeoLithic‘. :D

One Response to “Публикации – Прилог кон вреднувањето на неолитскиот литички материјал”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats