Home Антропологија Почнува 21 научен симпозиум на македонските археолози

Почнува 21 научен симпозиум на македонските археолози

5,373 views
3

Од утре, па во следните три дена ќе се одржува XXI симпозиум на МАНД во хотелот Цар Самоил, во Банско. На едно место ќе бидат собрани сите археолози од Македонија и професионалците кои работат во многу области од сферата на културното наследство. На официјалната страница на МАНД пред извесно време беше објавенa програмата за овој 21 симпозиум, каде може да се проследат учесниците со темите со кои ќе настапат.

Се надевам дека за разлика од пред две години кога имаше толку небулозни презентации во споредба со кои и Пирамидите од Босна изгледаа реално, годинава тоа ќе биде надминато. Археолозите никогаш не смеат да заборават дека се социјално ангажирани стручњаци и секој нивни публикуван текст или изустен збор во медиумите, може да има долготраен ефект врз јавното мислење и публиката. Оттука треба да се биде внимателен какви информации се трансферираат, прво затоа што поминало времето на комунизмот кога 20-30 археолози во Македонија биле бог и батина, а второ затоа што научното цунами во форма на најнова технологијата ја одмина македонската археологија во трката за престиж и публикување на информации.

Според распоредот, ако се биде во ред, јас треба да настапам во четврток, на 28.10.2010. околу 10:45ч. Мојата тема носи наслов ‘Локални ресурси за камени алатки низ призмата на материјалот од Руг Баир‘. Правам обид преку материјал од среднонеолитскиот локалитет Руг Баир (с. Горобинци, Свети Николе) кој детално го обработив за тезата, да ги лоцирам локалните ресурси за камени суровини кои ги употребувале праисториските популации што ја населувале Источна Македонија.

[slideshare id=5556483&doc=mand21-lokalnisurovinizakamenialatki-101025110517-phpapp01]

Овој пат се надевам дека ќе има поголемо присуство на печатените и електронските медиуми, бидејќи вистинска реткост е од за мене непознати причини, да видам било каков медиум на некој научен симпозиум на македонските археолози. Јас ќе се обидам за прв пат да ги пренесувам online впечатоците преку моите сајтови, блогови и сметки на социјалните мрежи. Нормално, само доколку во конференциската сала како што е ред, биде обезбеден интернет. Воедно, овој пост е отворена покана за сите медиуми кои би сакале да знаат што се случувало со македонската археологија во изминатите 2 години, а немале можност тоа да го дознаат на поинаков начин.

3 COMMENTS

  1. Ај, со среќа да ви е. Ќе дојде и оној, мрсниот?
    Да прашам: Сите таму одите со федори, кожни јакни и бичови во торбичките, a la Индијана Џонс? 🙂

    Само две мали „процедурални“ забелешки (добронамерни, се разбира):
    – Првата реченица е малку згрешена: Од денес, па во наредните три дена започнува […] (сите три дена започнува?)
    – Во презентацијата (која не ја разбрав многу, сигурно има доста зборење), некои од текстовите се ставени во рамки (црни и сиви). Рамки вообичаено се ставаат за некој кој … ахем … умрел. Избегнувај ги, ако можеш …

  2. Ах, добро ме потсети Ванчо на почетокот да ставам In memoriam. Презентацијата е таква бидејќи му е посветена на Недељко Ѓорѓевиќ, магистер и дипл. инж. на геолошките науки со кој ја работев тезата и кој многу ми помогна во животот. Не успеав да го доработам со него материјалот, бидејќи пред самиот крај почина. Беше познат како ‘чичко Џокица’, прекрасен човек, одличен стручњак и голем пријател на археолозите.

  3. Се надевам дека ќе ургирате да се исфрли неадекватниот термин „хеленистички” што како збор и концепт е модерна инвенција и бил непознат во античкиот свет. Континуираната употреба на вакви зборови наведува на погрешни претпоставки и заклучоци.

    Среќен симпозиум!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here