Дома Археологија Изложби: Oсманлиската култура на Скопската Тврдина

Изложби: Oсманлиската култура на Скопската Тврдина

3,675 views
1

Денеска во рамките на конференцијата ‘Исламската цивилизација на Балканот’ во МАНУ, од 12 ч се отвори привремената поставка на тема ‘Oсманлиската култура на Скопската Тврдина’. На неа се претставени артефакти од отоманскиот период кои се пронајдени на Скопското Кале со археолошките ископувањата кои започнаа од 2007 година и со смален интензитет се уште траат во некои делови од овој локалитет.

Привремената изложба е отворена денеска, а ќе трае до утре попладне, до завршувањето на конференцијата. Самиот настан е пропратен со едно мало книжуле на англиски јазик, приготвено од проф. Драги Митревски. Секако, оваа брошура во никој случај не може да ги замени томовите книги кои според откопаните артефакти, македонските археолози кои учествуваа на ова ископување, се должни по закон да ги публикуваат и да ги претстават пред јавноста, стручна и медиумска.

Сметам дека е ова мошне значаен момент, бидејќи во македонската археологија многу малку се знае за отоманската култура (да не речам воопшто), а овој временски долг период не е застапен во предавањата на Катедрата по археологија.

Поправете ме ако грешам, но не си спомнувам дека прочитав за оваа изложба во некој од македонските медиуми. Па за што мајката ми служат медиумите, ако јас треба да ги дистрибуирам ваквите информации? Или сајтовите, блоговите, фесбук и твитер според некои наши новинари не беа медиум? А?

1 КОМЕНТАР

  1. Photos are wonderful but unfortunately i failed to understand what you have written…if i could it will be more interesting… anyway photos are impressive..

Leave a Reply to Robinson Senar

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име