Home Антропологија БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НА СКОПЈЕ

БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НА СКОПЈЕ

4,771 views
6

Организатор и домаќин: Димитровска Василка
Тип: Еднодневна тура низ Скопје
Датум: Недела, Октомври 10, 2010
Време: 11:00 am – 14:00 pm
Локација: Пред Музеј на Град Скопје
Град: Скопје, Македонија (погледни ја мапата)

Итинерар: Музеј на град Скопје, Спомен дом на Мајка Тереза, плоштад, Камен мост, Еврејско маало, стар дел од градот (Даут Пашин Амам, Чифте Амам, Безистен, Капан Ан), Мустафа Пашина џамија, Св. Спас, Скопско Кале.

Во недела на 10.10.2010 за сите граѓани организирам бесплатен разглед на градот Скопје со посета на културно-историските споменици за кои не се потребени влезници. Доколку институции, агенции или фирми сакаат да поделат промотивен материјал, ќе ги замолам навреме да ме контактираат на info@arheo.com.mk.

Поканети се сите заинтересираните граѓани на една прошетка низ Скопје. Се посетуваат наведените локации, а турата ќе почне од Музејот на Град Скопје позната како Стара железничка станица.

Ова е традиционална тура која секоја година ја организирам за сите пријатели од фејсбук и твитер. Се надевам дека сте заинтересирани и се гледаме на едно убаво дружење.

Настанот е подржан од порталот Панорама и Археолошкото икопување во Тауресиум. 🙂

Настанот со своја страница на фејсбук

Контакт на e-mail: info@arheo.com.mk

Групна фотографија на луѓето кои дојдоа на една
бесплатна тура низ археолошкиот локалитет Скопско Кале
што ја организирав пред настапот на Синтезис во 2008.

Апдејт од 10.10.2010

Со групата во комплексот на црквата Св. Спас

6 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here